Пуштени во употреба мини хидроцентрали во Крива Паланка

Крива Паланка, 9 октомври 2015 (МИА) – Од денеска официјално започна производство на електрична енергија во мини-проточни хидроцентрали на цевководите на потегот  од „Калин Камен“, главен резервоар во Крива Паланка, и село Станци – „фабрика за вода“.

 
Хидро-елекратните се изградени со јавно-приватно партнерство на локалната самоуправа на општина Крива Паланка и инвеститорот „Хидро Осогово“, Скопје.
 
- Годишното количество на електрична енергија кое ќе се произведува во електраните е 3,5 мегават часови. Покрај четирите хидроелектрани, заради оптимално производство на електрична енергија, инвестиравме и во нов цевковод, со стаклено-пластични цевки со должина од над 5 километри и рок на траење од 200 години, информира Жарко Кржовски од „Хидро Осогово“.
 
Вкупната инсталирана моќност ќе изнесува 681 киловат. Зголемениот капацитет ќе придонесе и за поголеми приходи за општината на која, според договорот, и припаѓаат 17 проценти од целокупното производство на електрична енергија.
 
Општина Крива Паланка учествуваше во партнерството со финансиски средства за урбанистички планови, физибилити студија, идејни и изведбени проекти, а  договорот за јавно-приватно партнерство е помеѓу фирмата „Хидро Осогово“ и Јавното претпријатие „Kомуналец“ од Крива Паланка.
 
- Општината  ќе добива околу 70.000 евра годишен приход од овој проект, без да вложи ниту денар сопствени средства, а  ние сме единствена општина во државата која има два паралелни водоснабдителни системи. Паралелниот цевковод  го реши проблемот со водоснабдувањето за наредните 100 години, рече градоначалникот на Крива Паланка,  Арсенчо Алексовски.
 
Според договорот, како што информира Кржовски, приватниот инвеститор ќе стопанисува со хидроцентралите 23 години, по што тие ќе преминат во сопственост на општината.
 
Финансирањето на изградбата на хидроцентралите беше обврска на приватниот партнер кој ќе има право комплетно да управува и стопанисува со хидроцентралите, со обврска да не го наруши системот за водоснабдување и снабдувањето со чиста и здрава вода за пиење.
 
Ова е втор проект кој општината го реализираше со јавно-приватно партнерство. Првиот беше за изградба на деловно-административен објект на општинската зграда кој беше ставен во функција лани на 8 октомври.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...