Собранието не ги изгласа измените на Законот за минимална плата

Скопје, 9 октомври 2015 (МИА) - Собранието на Република Македонија денеска во рамки на продолжението на 67. седница не го го изгласа Предлог законот за изменување на Законот за минимална плата, предложен од пратениците од опозијата. 

Пратеничката група од опозицијата предлага зголемување на минималната плата на 11.000 денари, додека владејачкото мнозинство смета дека овој, како и другите предложени закони од опозициските пратеници, се во контекст на претстојните избори и чист популизам. 

И денеска како и вчера пратениците од обата табора упатија меѓусебни обвинувања.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото, прашаа зошто СДСМ не донесе закон за минимална плата додека беше на власт и зошто беа затворени бројни фабрики и на улица беа оставени 200.000 работници. Владата на ВМРО-ДПМНЕ првпат донесе закон за минимална плата. 

Опозициските пратеници сметаат дека минималната плата од 9.590 денари не е реална и не соодветствува со потребите на граѓаните.

Седницата ќе продолжи по попладневната пауза со претпоследната точка од дневниот ред на 67. седница Предлог законот за изменување на Законот за Буџетите, во прво читање, исто така предложен од пратениците од опозицијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...