Две големи американски компании ќе вработат 2.000 луѓе

Скопје, 11 октомври 2015 (МИА) – Две американски компании се очекува во ноември да ја официјализираат нивната инвестиција во Македонија, при што едната компанија планира да вработи 500 луѓе, а втората ќе отвори 1.500 нови работни места, изјави вечерва премиерот Никола Груевски. 

Тој во интервју за Сител Телевизија рече дека двете компании за тоа ја информирале Владата, но официјално се очекува компанииите тоа да го соопштат за јавноста во ноември.

- Некаде во ноември две американски компании планираат да ја официјализираат нивната инвестиција во Македонија, при што едната компанија ќе вработи дополнителни 500 луѓе, а втората ќе отвори 1.500 нови работни места. Засега толку можам да кажам за нив бидејќи деловните правила во тој свет не дозволуваат Владата да објави нешто пред самата компанија да објави, но важно е дека ова се сигурни инвестиции. Има и други коишто ќе ги објавиме кога ќе имаме дозвола од самите компании, рече премиерот Груевски.

Одговарајќи на прашањето за критиките на опозицијата во однос на политиката на Владата за привлекување странски инвестиции, шефот на Владата со став дека тие што критикуваат се политичка партија или луѓе блиски до нив што ги поддржуваат, а коишто во нивниот мандат немаат донесено во земјата ниту една сериозна гринфилд странска инвестиција.

- Тие не донесоа ниту една нова фабрика. Во нивното време се затвораа фабриките, невработеноста растеше и достигна ниво највисоко не во Македонија, туку во Европа. Она што е важно, е дека ние водиме политики коишто даваат резултати. Нашето не е декларативно - ќе биде вака, ќе биде така. Не, ние имаме конкретни резултати. Јас зборувам за она што веќе е реализирано и како резултат на тоа можам да зборувам за тоа што ќе се случи понатаму. Ако досега имаме 19.000 вработени, логично е до Нова година да има 24.000, многу логично е тоа да се повтори во наредните, пример, три години и повеќе затоа што основите, темелите, политиките се веќе поставени, подвлече премиерот Груевски..

Според него, она што е исто така важно е дека успешноста на политиката се гледа со голо око.

- Вие можете да отидете во Бунарџик и да видите дека на местото на кое што некогаш имаше класична дива ливада, денеска имате куп фабрики. Таму ви се „Џонсон контролс“, „Џонсон Мети“, „Кемет Електроник“, „Технохозе“ и куп други фабрики и се градат нови. Или, пак, да појдете во Охрид во Прилеп, во Тетово, во Штип, во повеќе други градови каде што во моментот се гради. Во Битола каде што е „Кромберг и Шуберт“ и во многу други градови каде што има изградено фабрики. Таму исто така имаше ливади, сега има фабрики и некаде работат илјада, некаде две, три илјади и повеќе илјади луѓе. Значи, успешноста на нашата политика се гледа со голо око, може да се забележи. Не е таа некоја фикција, нешто замислена или виртуелна, рече Груевски и посочи на повеќе фабриките на стѕрански инвеститори кои се градат или се изграддени низ Македонија, а во кои ќе бидат директно вработени повеќе илјади лица.  

Работите се гледаат со голо око и допрва ќе се гледаат, вели шефот на Владата.

- На пример, „Костал“ планира во ноември да го потпише договорот со Владата. Тоа е онаа германска компанија што ја најавивме од прилика пред година, година и пол. Таа ги направи сите подготовки до сега и некаде во ноември планира да го потпише договорот со Владата и веднаш да почне со браунфилд инвестиција, односно со вработување и со производство во веќе постоечката хала. Додека произведува таму и го зголемува бројот на вработени паралелно, некаде од пролет следната година, ќе ја започне изградбата на нивната нова фабрика, значи од темел нова – гринфилд инвестиција во зоната во Охрид - Струга, веднаш до „ОДВ Електрик“, две германски фабрики. Или, да речеме, „Технохозе“ во ноември ќе ја отвори втората фабрика. Тие градат сега втора фабрика, задоволни од условите што ги дава Македонија и ќе вработат 150 луѓе. „Костал“, исто така, планира голем број вработувања, илјада директни вработувања, а ќе има и индиректни вработувања, вели премиерот Груевски. вг/21:08

###

.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...