Еврозоната е подготвена на Грција да и додели две милијарди евра

Брисел, 17 ноември 2015 (МИА) - Еврозоната е подготвена да ги деблокира двете милијарди евра што и ги вети на Грција во замена за спроведување серија реформи, како и 10-те милијарди евра за рекапитализација на нејзините банки, соопшти денеска претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум, цитиран од француските медиуми.

-Еврозоната е подготвена да го одобри отпуштањето на траншата и трансферот на неопходните средства за рекапитализација на грчкиот банкарски сектор во вредност од 10 милијарди евра, под услов Грција да ги реализира мерките за кои постигна договор со своите кредитори, дополни Дејселблум.

Утринава имало телеконференциски разговор на Европската работна група за евалоација на мерките што Атина треба да ги преземе за да ја добие следната транша од своите кредитори.

Неколку часа претходно Грција и нејзините кредитори успеаја да се договорат и особено за прашањето за одемање на недвижниот имот, што досега го блокираше напредокот во преговорите. Кредиторите бараа полесно одземање на имотот, а Атина инсистираше да продолжи да го штити мнозинството од презадолжените домаќинства.

Јавноста очекува предлог законот за овие мерки да биде поднесен денеска во грчкиот Парламент, а гласањето по него да се одржи во четврток вечер.

Европската работна група во петок треба да даде зелено светло за исплаќање на траншата, дополни ДПА.

Десетте милијарди евра за рекапитализација на грчките банки одамна се чуваат на специјална сметка на Европскиот стабилизациски механизам, спасувачкиот фонд на еврозоната, и можат многу брзо да бидат отпуштени, забележа ДПА. сд/нд/14:27

###



Гутереш: Имигрантите не треба да се поистоветуваат со терористите

Прешево, 17 ноември 2015 (МИА) - Високиот комесар за бегалци на ОН Антонио Гутереш денеска ги осуди сите терористички напади кои се случуваат насекаде во светот и истакна дека имигрантите не треба да се поистоветуваат со терористите.

- Сведоци сме на драматични терористички напади во различни делови на светот, кои се закана и носат страдање на невините луѓе и мораат да бидат осудени. Но исто така е важно да се каже дека движењето на имигрантите не го создаде тероризмот.

- Тероризмот заедно со тиранијата и војната, ги создадоа имигрантите, порача тој за време на посетата на привремениот Центар за сместување на имигрантите во Прешево заедно со српскиот премиер Александар Вучиќ, пренесува Танјуг.

Тој потенцира дека дневно низ Прешево поминуваат 5-7000 жени и деца кои бегаат од насилството и поради тоа не е фер бегалците да се обвинуваат за случувањата. 

Гутереш изрази благодарност до владата и народот на Србија, истакнувајќи дека земјата се соочила со бегалската криза на вистинскиот начин, покажала сочувство, солидарност и мудрост.

Според тоа, Србија „може да им одржи лекција на некои членки на ЕУ“, порачува комесарот. 

Тој рече дека УНХЦР ќе ја поддржи владата за да обезбеди најдобри услови за бегалците кои ќе поминуваат низ Србија во зимскиот период.

Според него, и покрај тоа што пасошот на еден од терористите кои го извршија нападот во Париз бил регистриран во Прешево, не можеме да ги обвинуваме имигрантите бидејќи тие се првите жртви на тероризмот. 

Според него, стратегијата на Исламска држава е Европа да ги затвори своите граници и истакна дека граѓаните на Европа не смеат да ја изгубат вредноста поради стравот од тероризмот. 

- Ништо повеќе ни би им помогнало на припадниците на ИД од омразата кон муслиманите кои доаѓаат од земјите на Блискиот Исток, во кои се води војна, порача тој и додаде дека Европа само заедно може да се сочи со миграциската криза, но дека поради поединечни одговори од државите не можат да се дојде до сеопфатно решение. 

Тој рече дека Европа мора да биде соединета за да има капацитет да направи услови сите имигранти да можат да се иднтификуваат и да се распоредат во сите земји членки во одредена бројка за кои тие имаат услови. см/ссм/16:00

###

 



Романскиот Парламент ја одобри новата технократска Влада

Букурешт, 17 ноември 2015 (МИА) - Пратениците во романскиот Парламент денеска го одобрија именувањето на новата технократска Влада на чело со поранешниот еврокомесер за земјоделие, Дачијан Чолош, откако претходната влада падна по масовните протести предизвикани од големиот број жртви во пожарот во ноќниот клуб „Колектив“, јави Танјуг.

Номинацијата на Дачијан Чолош за премиер на Романија претставува директна критика на романските политичари, кои јавноста ги перципира како корумпирани, арогантни и неупатени во проблемите на обичните луѓе, оценуваат американските медиуми.

- Новата влада нема ниту една политичка цел поважна од поддршката и засилувањето на демократијата, рече Чолош, пред пратениците да го прифатат неговиот кабинет со 389 гласа „за“ и 115 „против“.

Чолош својот кабинет го именуваше во неделата, но потоа ја повлече кандидатурата на министерот за здравство, еден 28-годишен хирург, откако на Интернет се појавиле негови фотографии како позира во долна облека.

Покрај тоа, Чолош се откажа од именувањето на новата министерка за правда, инаку демократски активист, бидејќи нема завршен правен факултет.

Претходниот романски премиер, Виктор Понта, поднесе оставка по масовните протести по пожарот во ноќниот клуб во центарот на Букурешт, во кој погинаа 55 лица. сд/ссм/16:10

###

 



Јорданскиот крал во Приштина: На прагот сме на Трета светска војна

Приштина, 17 ноември 2015 (МИА) - Коментирајќи ги последните терористички напади во Париз тој истите ги нарече „ужас на тероризмот“.

- Ужасните напади во Париз говорат дека терористичките групи не почитуваат ниту еден закон во светот. И реков на претседатекатата Јахјага дека сме на прагот на Трета светска војна, изјави тој по средбата со косовската претседателка Атифете Јахјага.

На прес конференција кралот Ал-Хусеин искажал восхит поради напредокот постигнат во Косово по војната, додавајќи дека Косово е пример за верска толеранција.

- Задоволство е што повторно сум тука и што гледам промени кои се направени во Косово. Косово рефлектира добри вредности, вредности кои треба да ги рефлектираат сите, изјавил тој, јави косовската телевизија Клан Косова. вт/нд/17:50

###



Ердоган повторно му наложи на Давутоглу да состави влада

Анкара, 17 ноември 2015 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му наложи повторно на премиерот Ахмет Давутоглу да состави влада, по победата на неговата партија на парламентарните избори на 1 ноември.

Партијата на правдата и развојот го врати парламентарното мнозинство на изборите од 1 ноември, со кое располагаше 13 години и што го загуби на изборите на 7 јуни.

Ердоган во август повика на нови парламентарни избори, откако преговорите кои траеја два месеца за составување коалициска влада завршија без успех.

На средбата денеска Ердоган официјално побара од Давутоглу да формира Влада. нд/18:33

###



Повредени најмалку 17 полицајци во протестите во Приштина

Приштина, 17 ноември 2015 (МИА) - Во денешните демонстрации пред зградата на косовскиот Парламент повредени се 17 полицајци од кои двајца потешко, а 12 возила, од кои осум цивилни и четири полициски се оштетени, соопшти косовската полиција.

Направена е и голема материјална штета на зградата на Парламентот, како и на униформите и на опремата на полицајците, пренесува Танјуг.

Претходно, портпаролот на косовската полиција Даут Хоџа изјави дека во денешниот судир на полицијата со демонстрантите повредени се 18 полицајци, од кои двајца потешко. ми/ссм/18:20

###



Во протестите во Приштина повредени 17 полицајци

Приштина, 17 ноември 2015 (МИА) - Косовската полиција соопшти дека како последица на насилството од страна на демонстрантите,бројот на повредени полицајци се искачил на 17.

Двајца од полициските работници се здобиле со тешко повреди, но се вон животна опасност. Во нередите се оштетени осум цивилни ,едно службено и четири полициски возила.

Според полицијата, еден од нејзините потешко повредени работници бил на работна задача во одржување на сообраќајот во населбата „Улпина“ во Приштина, кога бил погоден со тврд предмет во пределот на главата и се здобил со сериозна повреда.

Исто така од тврдите предмети кои ги фрлала разулавената маса значителни оштетувања се предизвикани и врз јавен и приватен имот. Оштетувања има и на зградата на Парламентот. вт/нд/18:34

###



Илјадници луѓе учествуваа во две демонстрации во Атина по повод годишнината од студентските протести

Атина, 17 ноември 2015 (МИА) - Околу 16.000 лица учествуваа во две демонстрации до амбасадата на САД во Атина по повод годишнината од студентските протести во 1973, задушени од воениот режим на Грција, јави БТА.

Демонстрацијата се одржа под засилени мерки за безбедност.

Според податоците на полицијата, околу 7.000 лица тргнале од зградата на Атинскиот политехнички универзитет во централниот дел на Атина.

Осум илјади лица учествувале во одделни демонстрации, организирани од Грчката комунистичка партија. Тие тргнале од друг дел на престолнината, а крајна цел им била американската амбасада.

Над 5.000 полицајци се грижеа за безбедноста. нд/19:14

###



Уапсен бегалец во Прешево

Приштина, 17 ноември 2015 (МИА) - Во јужниот српски град Прешево уапсен е бегалец, бидејќи кај него е пронајден пасош идентичен со оној на терористот кој го изврши нападот во Париз, јави електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“.

На пасошот стои истото име како неговото, но со друга фотографија.

Српските власти се сомневаат дека двата пасоша се фалсификувани и додаваат дека се во контакт со француските истражители.

Француската полиција пронашла сириски пасош во близина на трупот на терористот кој го извршил нападот во близина на стадионот. Ал Мохамед на 7 ноември бил регистриран во Прешево, каде влегол преку Грција и Македонија а заминал преку Србија за Хрватска, па преку Унгарија во Австрија. вт/нд/18:42

###



Остојиќ: Хрватска ќе ги затвори границите за бегалци ако Германија го направи тоа

Загреб, 17 ноември 2015 (МИА) - Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ изјави дека неговата земја ќе ги затвори границите за имигранти, ако Германија ги затвори своите, јави БТА.

Остојиќ рече дека засега Германија прима околу 6.500 лица на ден, што го прави протокот преку Балканот генерално мирен.

- На Балканот постои стравување дека Австрија и Словенија можат да го ограничат бегалскиот проток по терористичките напади во Париз на 13 ноември, што би блокирало десетици илјади луѓе во земјите од регионот.

Повеќето имигранти бараат само да преминат и да дојдат до Германија. 

Стравувањата за затворање на границите на ЕУ се зголемија, откако француските иследници утврдија дека еден од терористите во Париз преминал преку балканската маршрута на бегалци во октомври. нд/19:34

###



Поранешен грчки министер за финансии осуден поради банкарска сметка во Швајцарија

Атина, 17 ноември 2015 (МИА) - Поранешниот грчки министер за финансии  Јанос Папантониу осуден е на четири години затвор поради некоректно пополнет анкетен лист за имотната состојба односно не наведена банкарска сметка во Швајцарија.

Апелацискиот суд ја потврди пресудата и ги осуди Папантониу и неговата сопруга Ставрула Кураку на четири години поради некоректно пополнет анкетен лист за приходите во 2009 година.

Казната на Папантониу и на Кураку е преиначена и тие треба да платат парична казна.

Папантониу (66) беше министер за финансии во периодот од 1994 до 2001 година. Тој тврди дека се работи за ненамерна грешка, која подоцна била исправена.

Папантониу е втор министер на социјалистите, кој е осуден во последните години. Во 2013 година министерот за одбрана Акис Цохадзопулос беше осуден на 20 години затвор поради корупциски скандали. ми/20:16

###



Протест на земјоделците во Атина

Атина, 18 ноември 2015 (МИА) - Грчките земјоделци за денеска најавија протестен митинг во Атина поради плановите на Владата да воведе даноци за нив, јави АНА-МПА.

Одлуката за протестот е донесена од земјоделските здруженија од цела Грција. Движењето „Земјоделска иницијатива“ преку соопштение апелира за масовност на протестот и да не дозволат гласање на владините мерки во Парламентот.

Грчката Влада презеде обврска пред меѓународните кредитори да ја зголемат даночната стапка на приходите на земјоделците. Се очекува идната година даночната стапка да се зголеми од 13 на 20 проценти, а во 2017 година да достигна до 26 отсто.

Според грчките медиуми девет од десет земјоделци во Грција пријавиле годишен приход до 5.000 евра, што се толкува како обид на земјоделците да ги скријат приходите. ми/зш/07:57

###



Словенија бара балканските земји да го ограничат бегалскиот прилив

 

Љубљана, 18 ноември 2015 (МИА) - Словенечката министерка за внатрешни работи Весна Ѓеркаш-Жнидар повика на подобра соработка меѓу земјите од т.н. „балканска бегалска рута“ и апелираше до државите од Балканот „да го регулираат и намалат“ приливот на бегалци.  

По синоќешната средба со претставници на Министерствата за внатрешни работи на Македонија, Грција и Србија во Брдо кај Крањ, Ѓеркаш-Жнидар истакна дека со нејзините соговорници се согласиле дека е потребно да се започне со „успорување на бегалскиот прилив, со цел да се спречи преоптовареноста на одделни држави што се наоѓаат на миграциксата рута“. 

- Услов за смалување на бегалскиот бран е подобрување на соработката меѓу земјите што се наоѓаат на балканската рута, кои мораат да ги зголемат своите капацитети за прифаќање на мигрантите, додаде Ѓеркаш-Жнидар.

Според неа, целта на средбата, покрај намалување на бегалскиот полив, било и да се изрази поддршка на напорите на ЕУ за постигнување договор со Турција и Грција, околу контрола на движењето на имигрантите кон Европа.

Иако биле поканети, на средбата во Брдо кај Крањ не присуствуваа претставници на Хрватска.

- Мораме да се погрижиме за максимална контрола на бегалскиот прилив, дури и во случај Хрватска да не турне во неповолна позиција, порача словенеќката министерка.

Таа нагласи дека во текот на зимата очекува намалување на приливот на имигранти, но додаде дека ако Европа не најде заедничко решение за кризата, со доаѓањето на пролетта би можеле повторно да биде,е сведоци на сцени како оние во август и септември.

- Ако не бидеат пронајдени системски решенија да следната пролет, можеме да очекуваме дека имигрантскиот бран ќе биде ист како сега или дури и поголем, истакна Ѓеркаш-Жнидар. сп/07:51

###



Рачна граната фрлена во дворот на Уставниот суд во Приштина

Париз, 18 ноември 2015 (МИА) – Во дворот на косовскиот Уставен суд во центарот на Приштина денеска била фрлена рачна граната која е уништена со контролирана експлозија, јавија западни медиуми.

Уставниот суд кој е близу зградата на Владата е под полициски надзор. На местото на инцидентот се и лица задолжени за деактивирање експлозивни направи. Според полициски извор, се пребарува реонот за можни други експлозивни направи.зш/11:01

###



Уапсен вториот човек на загребски „Динамо“, Здравко Мамиќ

Загреб, 18 ноември 2015 (МИА) - Хрватската полиција претпладнево го уапси извршниот потпретседател на фудбалскиот клуб „Динамо“ од Загреб, Здравко Мамиќ, јави Индекс.хр

Според поратлот, заедно него се уапсени со уште четири лица, меѓу кои наводно е и синот на Мамиќ, Марио и неговиот внук Ники Вуксан, кои се менаџер на повеќето фудбалери од „Динамо“. 

Хрватските медиуми пренесуваат дека во моментов службеници на Бирото за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал (УСКОК) се распоредени пред стадионот на „Динамо“, „Максимир“ и не пуштаат никого да влезе во него. 

Јавното обвинителството одбива да открие каде е приведен Мамиќ и дали веднаш е пренесен во затворот „Реметинец“. 

Контроверзниот Мамиќ е осомничен за злоупотреба на функцијата и за финансиски злоупотреби/  

За целиот случајот со кусо соопштение се огласи „Динамо“. 

- Ја известуваме јавноста и навивачите дека денеска во раните утрински часови во просториите на Ф.К. „Динамо“ влегоа вработените на УСКОК. За сите информации и одлуки на клубот повремено ќе ја известуваме јавноста преку службената страна, стои во соопштението. см/сп/12:17

###

 



Атина: Турските вежби не се поврзани со посетата на Ципрас

Атина, 18 ноември 2015 (МИА) - Обидите на грчките медиуми да ја поврзат посетата на премиерот Алексис Ципрас на Турција со турските вежби „Навтекс 1056/15“ се сосема погрешни, соопштија извори од грчкото Министерство за надворешни работи.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, истите извори објаснија дека турската вежба за спасување и пребарување била закажана одамна, пред да се договори посетата на Ципрас на Турција.

Турската вежба ќе се одржи во меѓународни води и воздушен простор, југозападно од островот Кастелоризо. Во вежбата ќе учествуваат два бродови на НАТО, и една германска фрегата.

Грчкото Воено воздухопловство издале одобрение за вежбата, а на германската фрегата има и грчки офицер. Грчкиот Генералштабот смета дека ова прашање е под контрола. јт/сп/12:26

###



Членови на ИД на пат кон Германија уапсени во Истанбул

Анкара, 18 ноември 2015 (МИА) - Турската полиција денеска на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул приведе осум лица под сомнеж дека се членови на џихадистичката група Исламска држава, кои планирале илегално да заминат во Германија.

Сите приведени се државјани на Мароко, а на истанбулскиот аеродром пристигнале од Казабланка, претставувајќи се како туристи. 

Од групата бил одземен документ кој покажува дека приведените планирале да стигнат до Германија по илегален пат.

Тие планирале со брод од Измир да стигнат до Грција, а потоа преку Балканот да дојдат до Виена, а од таму до нивната крајна дестинација Германија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...