Полска потенцијално голем економски партнер на Македонија

Скопје, 23 ноември 2015 (МИА) - Унапредување на трговската размена и воспоставување цврста, долгорочна економска соработка преку директни контакти меѓу компаниите, е целта на новоформираниот Македонско-полски бизнис клуб што беше промовиран денеска во Стопанската комора на Македонија.

Како што беше речено, Полска може да биде одличен партнер на Македонија. Моментно е една од најбрзорастечките економии во Централна Европа и претставува голем пазар со 40 милиони жители. Во нејзината структура доминираат малите и средните претпријатија, а нуди производи кои кај нас ги нема. 

Голем е потенцијалот за соработка во земјоделството, транспортната опрема, репроматеријалите, електро-машинската и хемиската индустрија. 

- Иницијативата за формирање бизнис клуб доаѓа во одлично време, кога односите меѓу двете земји во сите сфери се на високо, завидно ниво. Но, има уште многу да се сработи во делот на економијата на уште укажува и податокот дека Полска е 22-ри трговски партнер на Македонија. Добриот момент треба да се искористи за да се подобри ваквата статистика, истакна полскиот амбасадор во земјава Јацек Мултановски.

Според него, интерес кај полските компании за инвестирање во Македонија постои, но тие немаат доволно и комплетни информации и затоа, во овој сегмент треба повеќе да се работи.

Мултановски смета дека за значително подобрување на стопанската соработка може да придонесе воведувањето директна авионска линија Скопје - Варшава.

- Полска последниве години ја нарекуваат економски тигар на Европа со оглед дека е една од најбрзорастечките економии. Има развиена индустрија, особено автомобилска, интензивно производство на електро-опрема, автобуси, хеликоптери, воена и транспортна опрема,... Како дел од европскиот пазар, претставува добра можност за настап на македонските компании во трети земји, но и своевиден мост кон Русија, посочи претседателот на Македонско-полскиот бизнис клуб Горан Антевски, додавајќи дека Полска воедно е ценовно многу поповолна од други земји со кои Македонија соработува.

Соработката изминатите две години е подобрена, додаде Антевски, но е далеку од нивото за кое има потенцијал.

Размената меѓу Македонија и Полска во последните девет месеци од годинава е 88,13 милиони долари од кои 20,4 милиони се извоз, а 68 милиони увоз. Негативниот трговски биланс е 48 милиони долари.

Полска се очекува да се приклучи во еврозоната пред 2016 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...