Издадени имотни листови за 137.000 легализирани објекти

Скопје, 24 ноември 2015 (МИА) -  Агенцијата за катастар на недвижности досега издала 137.000 имотни листови за објекти кои добиле правен статус, од вкупно поднесените 360.000 барања од почетокот на процесот за легализација во март 2011 година. Надлежните институции очекуваат забрзување на процесот и дополнителен број барања со неодамна усвоените законски измени од Владата.

Новините од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, што се во собраниска процедура, беа претставени на отворените денови на Катастарот и на Управата за имотно-правни работи, што од денеска се одржуваат во Општина Бутел. Се предлага продолжување на рокот за поднесување барања за легализација до 31 март следната година. До крајот на следната година се пролонгира рокот за  доставување геодетски елаборати за старите барања, а за новите барања  рокот ќе биде крајот на 2017 година.

- Во  олеснувањето на барањата за легализација е и можноста да се  легализира објект кој во момемнтот е на приватно земјиште. Досега постоеше оваа можност, но беше потребно да има писмена согласност од страна на сопственикот  на земјиштето. Со измените на Законот веќе ќе нема потреба од писмена согласност, но граѓанинот ќе треба да обезбеди уверение за  движење на парцелата во кое ќе се види дека земјиштето било на РМ, а потоа сопственикот го има приватизирано. Тоа ќе биде доволно голем број граѓани да можат да ги легализираат објектите, изјави директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпевски. 

Во општина Бутел во првиот рок се поднесени 6.900 барања за легализација, а проценките на општината се дека дополнително ќе бидат доставени од 700  до 1.000 нови барања од граѓани кои претходно ја пропуштиле можноста од различни причини. 

- Од поднесените 6.900 барања, 3.700 се веќе решени и се доделени решенија, а 1.436 се веќе обработени, но поради некој недостаток на граѓаните им е дадено  укажување. Со новите законски измени можеби и тие многу бргу ќе ги решиме, изјави градоначалникот на Бутел Петре Латиновски.

Директорот на Управата за имотно-правни работи Зоран Крстановски, пак, апелира граѓаните да ја искористат можноста за приватизација на градежното неизградено државно земјиште. Рокот што траеше до 15 декември лани  е продолжен до 15 јуни следната година.

- Со последните новини во Законот овозможивме до 15  јуни следната година да може да се поднесе пријава до Катастарот каде во соодветна  постапка ќе може да се промени правото на користење во право на сопственост по сила на закон. Тоа е и последната можност за трансфромација на корисничкото во сопственичко право и апелирам до сите кои од различни причини  го пропуштиле рокот за поднесување барања за приватизација да ја искористат оваа можност, изјави Крстановски.

Во Одделението на  Управата за имотно правни работи во Општина Бутел, кое ги покрива и  општините Чаир и Чучер Сандево,  од вкупно поднесените 16.800 барања за приватизација на градежно неизградено змејиште, 5.500 се проследени во други подрачни одделенија, забрзано се постапува по тие предмети и веќе се доделуваат решенија. - Во ова одделение остануваат за работа околу 5.400 барања, информира Крстановски.

Одделението во Бутел е електронски поврзано со Агенцијата за катастар на недвижности што во иднина значително треба  да го намали времето за прибирањето на доказите што по службена должност се потребни  во постапката за приватизација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...