Изградба на браната Пишица во Општина Пробиштип

Пробиштип, 24 ноември 2015 (МИА) - Во Општина Пробиштип интензивно се гради акумулацијата кај селото Пишица, која пред три години поради хаваријата поплави земјоделски површини и куќи по течението на реката Брегалница.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски рече дека изградбата на браната Пишица е голем благодет за жителите од пробиштипскиот регион, но и за селата од соседните две општини, кои во текот на летото ги наводнуваат своите ниви.

-Изведувачите работат со полн интензитет, моите информации се дека во моментов најголемите градежни активности се одвиваат на изградба на преливникот на браната, како и на телото на браната. Се надевам дека ќе ги искористат поволните временски услови да сработат што е можно повеќе работи, за да во наредната година, останат помалку работи и што е можно побрзо да биде завршен целиот овој проект, бидејќи навистина Пишичка брана е од големо значење не само за селото Пишица, туку и за целиот регион, истакна Тоневски.

Браната Пишица се гради со пари од десет годишната Програма за изградба на акумулации и санација на системите за наводнување на министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. Оваа инвестиција чини околу еден милион евра, а браната Пишица ја гради градежната компанија Трнасмет.

Акумулацијата согласно проектот ќе биде бетонска и  се очекува во рок од една година да биде изградена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...