Извештајот на ЕК пред собраниската Комисија за финансирање и буџет

копје, 24 ноември 2015 (МИА) - Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска го разгледува Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија. Мнозинството и опозицијата со различни гледања на препораките и забелешките наведени во Извештајот. 

За Марјанчо Николов од СДСМ забелешките на ЕК  во Извештајот се оние кои и опозицијата ги наведува, а кои се однесуваат на нетранспарентност, недисциплина и неодговорност во буџетскиот процес.

- Ние како опозиција го прифаќаме извештајот, бидејќи нашите забелешки во делот на транспарентноста на трошењето на јавните пари, дисциплината во трошењето на јавните пари, одговорноста што ги бараме се исти со препораките на ЕК, рече Николов. 

За делот на јавните набавки, тој истакна дека забелешката на опозицијата е дека има неограничен број анекси на договорите за јавни набавки и оти Советот на јавни набавки е нефункционален и ги прави јавните набавки поскапи.

Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека опозицијата на свој начин ги толкува забелешките на Европската комисија во Извештајот.

Посочи дека во Министерството за финансии се работи на подобрување на буџетската транспареност, дисциплина и отчетност за буџетот за Собранието да има увид и да биде буџетот разбирлив. – Се работи на граѓански буџет и на предбуџет кој како документ ќе биде доставен во Собранието еден месец пред да почне расправата по буџетот, рече Цуклев.

Тој додаде дека не треба да се покажува никаква скепса во однос на висината на јавниот долг, бидејќи тој е јавно објавен и ги содржи и долговите на јавните претпријатија, општините и Градот Скопје.

За јавните набавки смета дека Советот за јавни набавки е формиран за да ја намали корупцијата бидејќи Македонија е мал пазар. – Корупцијата ја има и во развиените земји и токму во оваа насока ја разбирам забелешката на ЕК за јавните набавки, рече Цуклев.

Неговиот сопартиец Ѓорѓи Коџобашиев истакна дека ова е седми позитивен Извештај на Европската комисија за Република Македонија и оти е резултат на сите успешно спроведени реформи што ги спроведе Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, сите забелешки што се наведуваат од 2009 година од ЕК  се земаат предвид и се работи на нивно надминување.

За Стојко Пауновски од СДСМ овој Извештај не е извештај за напредокот на РМ, туку само Извештај на ЕК за Република Македонија бидејќи не укажува на напредок.  

Тој истакна дека ЕК има забелешки онаму каде опозицијата укажува изминатите години.

На денешната седница Комисијата го прифати во второ читање Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...