ВМРО-ДПМНЕ: Предлог-буџетот на Град Скопје за 2016 развоен и транспарентен

Скопје, 24 ноември 2015 (МИА) - Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Предлог-буџетот на Град Скопје за 2016 година е развоен, со голем број капитални проекти и инвестиции и оти ќе одговори на барањата и потребите на граѓаните на Скопје. Ова денеска го изјави Слободанка Алексовска, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

- За капитални расходи се предвидени 3.190.380.000 денари или 46,3 проценти од вкупниот предлог-буџет на Град Скопје за 2016 година. Во него се опфатени проекти во сите области кои се во надлежност на Град Скопје, рече Алексовска и додаде дека за реконструкција и изградба на улици и булевари, велосипедски патеки, водоводна, атмосферска и фекална мрежа се предвидени околу 2,5 милијарди денари.

Таа појасни дека буџетот е направен за граѓаните во целосно транспарентна постапка. 

- Буџетот е правен во долга, транспарентна постапка и се вклучија сите политички партии застапени во Советот на Град Скопје, како и сите 10 општини преку давање предлози за проекти кои тие сметаат дека е неопходно да се реализираат. И граѓаните се вклучија во процесот на креирање на буџетот на Град Скопје, преку нивните најнепосредни претставници, претставниците од урбаните и месните заедници, потенцира Алексовска.

Во Предлог-буџетот на Град Скопје се предвидени проекти што ќе се реализираат во сите десет скопски општини. Во 2016 година ќе се реализира втората фаза од проектот за реконструкција и проширување на булеварот „Партизански одреди“ до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле“, ќе почне изградбата на новиот кружен тек на булеварот „8 Септември“, кај Хубо Маркет, ќе се реши проблемот со водоснабдување на жителите од Шуто Оризари...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...