СДСМ: Неприфатлив буџетот на Град Скопје

Скопје, 24 ноември 2015 (МИА) - За советничката група на СДСМ и коалициските партнери е неприфатлив буџетот на Град Скопје за следната година на чиј текст поднесе амандмани. Бараат оставка на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски затоа што сметаат дека не работи во интерес на граѓаните, како и нови избори за градоначалник.

Дамјан Манчевски, координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, денеска изјави дека со изготвениот буџет главниот град ќе продолжи да се задушува во загаден воздух и ќе нема нови училишта, гасификација и бесплатен јавен превоз за студентите секој ден.

Со буџетот на Град Скопје, како што рече Манчевски, „за нови барокни фасади  ќе бидат потрошени нови 5,7 милиони евра, за нови плоштади и фонтани  три милиони евра, за одржување на фонтаните и спомениците 500 илјади евра, за Градската куќа  2,6 милиони евра, 500 илјади евра за пристапни површини околу седиштето на ВМРО-ДПМНЕ“.

Со поднесените амандмани советничката група на СДСМ бара повеќе пари за реконструкции на училишни згради, за надвозници и пешачки мостови, велосипедски патеки, субвенции за велосипеди за граѓаните, мерки за намалување на загаденоста на воздухот, повеќе паркови и зеленило, гасификација на средните училишта, информира Манчевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...