Во Штип решени поголем број на предмети за приватизација на земјиштето

Штип, 25 ноември 2015 (МИА) - Директорот на Управата за имотно правни односи, Зоран Крстановски денеска изврши увид во работењето на подрачната единица за имотно-правни работи во Штип и оствари средба со градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев.

Крстановски нагласи дека е задоволен од работењето на подрачното одделение за имотно-правни работи во Штип, со оглед на бројот на решените предмети.

- Од она што можев да го забележам сум задоволен од постигнатите резултати, споредбено со она што беа констатирани одредени состојби при изминатата контрола, каде што имаше поголем број на предмети, каде што имаше несредена архива, сега состојбата е значително подобрена. На ниво на ова одделение во кое што имаше поднесено 16.900 барањата за приватизација, веќе во постапка за одлучување се уште 3.000 предмети, со тоа што да кажам дека околу 5.800 предмети се дадени, распоредени во други подрачни одделенија со помал обем на работа, вели Крстановски.

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев истакна дека соработка со Управата за имотно правни работи е одлична, а тоа, подвлече, се гледа во брзината на одговорените барања кои ги има доставено општината до Управата за имотно правни работи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...