Цветков: Паушални се тврдењата на Николовски, исплатени се 88 милиони евра субвенции за 2015 година

Скопје, 25 ноември 2015 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков попладнево на прес-конференција, квалификувајќи ја  како паушална, ја отфрли изјавата на неговиот дополнителен заменик Љупчо Николовски дека земјоделците наводно немаат добиено ниту денар субвенции за 2015 година.

Програмата за субвенционирање, рече Цветков, ќе се реализира до крајот на годината. Со неа се одобрени 101 милион евра од кои во периодот јануари - ноември се исплатени 88 милиони. Остатокот од 13 милиони евра ќе се исплати до крајот на годината пред се на поледелците и на лозарите со што ќе изврши целосна исплата на субвенциите за 2015 година.

- Годишниот календар за исплата се следи. Има задоцнување од еден месец во реализирањето на субвенциите за поледелството зашто се продолжи рокот за поднесување барања за 30 дена поради временските неприлики кои се случија на почетокот на годинава, информира министерот.

Според него, дополнителниот заменик министер Николовски, наместо да помогне со нови идеи и предлози, од неговото доаѓање на функцијата се занимава со барање извештаи од секторите во ресорот за сработеното во последните четири до седум години со што, посочи Цвеков, практично се блокира нивното редовно функционирање бидејќи за обезбедување такви податоци и анализи се неопходни најмалку шест месеци.

- На Николовски веднаш по доаѓањето на функцијата дополнителен заменик-министер му беа обезбедени сите услови за непречено работење. Исто така, јас лично му ветив дека  ќе го добие и извештајот од државниот ревизор кој веќе работи во Министерството, истакна Цветков.

Заменик министерот Ванчо Костадиновски јавно го праша Николовски зошто барањето - веднаш да почне исплатата на субвенциите за 2015 година, не го упати до неговите партиски колеги, министрите Оливер Спасовски и Фросина Ременски, кои гласајќи воздржано, не ги поддржале измените на Програмата за субвенционирање донесени на владината седница пред две недели, со кои ќе се овозможи исплата на останатите 12 милиони евра за земјоделците.

- Зошто Николовски барањето го упатува до премиерот Никола Груевски кога неговите колеги во Владата не дадоа поддршка на измените со кои треба да се исплатат 12 милиони евра на земјоделците, напомена Костадиновски.

И директорката на Платежната агенција Билјана Вуковиќ потврди дека не е точно тврдењето на Николовски за наводното непочитување на Календарот и неисплатата на субвенциите.

- Исплатен е тутунот на скоро 30.000 производители во периодот април/мај, а во декември ќе почне и реализацијата на субвенциите за поледелството и лозарството. Се што работиме е за да им излеземе во пресрет на земјоделците, но и за да ги оствариме планираните проекции, подвлече Вуковиќ, додавајќи дека со оглед на продолжениот рок за поднесување барања за некои мерки, пријавувањето е се уште во тек и ќе трае до 30 ноември.

Таа информира дека Владата им излезе во пресрет и на земјоделците кои не беа предвидени во Програмата за субвенционирање, исплаќајќи им обесштетувања за загубите од поплавите и болеста син јазик. За угинатите грла беа поделени по 4.000 денари или вкупно 55.284.000 денари, додека за штети од поплавите досега се исплатени околу 278 милиони денари на 2.512 лица. Исплатата продолжува со доставување податоци од општинските комисии за проценка на штети.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...