Груевски во посета на Хуавеи, презентрани можностите за инвестирање

Пекинг, 26 ноември 2015 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски во рамки на посетата на Кина, освен средбите на политичко ниво  во Пекинг оствари и повеќе средби со компании, меѓу која е и посетата на седиштето на глобалната компанија за информатичка комуникациска технологија Хуавеи.



Компанијата е водечки бренд нa телекомуникацискиот пазар, производите од информатичкото општество и панирање, која се рангира во 500-те најголеми компании на Global Fortune.

Премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски и заменик-министерот за економија Христијан Делев остварија средба со раководството на компанија и генералните менаџери Џим Лу и Џорџ Жанг.

Како што информита владината прес-служба, Груевски ги запозна претставниците на компанијата со условите за водење бизнис во Македонија, поволниот даночен пакет со кој располага земјата и отвореноста за привлекување на нови инвестиции.

Истовремено премиерот Груевски ја истакна заложбата на владата за инвестиции во образованието за што секоја година се одвојува 5 проценти од вкупниот буџет. Отворен е и нoв универзитет за информатички технологии „Свети Апостол Павле“, а постојано се прават реформи насочени кон развој на информатичкото општество.

Инаку Хуавеи е компанија која има своја канцеларија за врски во Скопје. Со раководството на компанијата беше разговарано за разгледување на можностите за понатамошна продлабочена соработка и можностите за проширување на македонскиот пазар.

Претставниците на компанијата информираа за работата на компанијата и перформансите со кои таа располага. Џим Лу од Хуавеи истакна дека посетата на делегацијата е добра можност изворно да се запознаат со бизнис-можностите и потенцијалите кои стојат на располагање, но и дека тоа е доказ за посветеноста на владата, одличниот третман кон инвеститорите и отвореноста за бизнис соработка. Лу истакна дека компанијата Хуавеи има свои планови за проширување на нови пазари и дека детално ќе ги разгледа условите и можностите кои им стојат на располагање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...