Членките на АмЧам донираа преку 840.000 денари за борба против гладот

Скопје, 26 ноември 2015 (МИА) - Компании членки на Американската стопанска комора во Македонија донираа преку 840.000 денари за кампањата на Црвен крст „Помислете на нас“ по повод Светскиот ден на гладот - 16 Октомври.

Дваесетина компании членки на АмЧам и оваа година ја поддржаа кампањата преку донации на парични средства и прехранбени продукти. Воедно, дополнителни парични средства во износ од 41.500 денари беа собрани на традиционална вечера што по повод Денот на благодарноста - 25 Ноември, синоќа АмЧам ја организираше  за претставниците од компаниите членки.

- Навистина ми е драго што членките на АмЧам и оваа година ја поддржаа кампањата. Во 2012 година, кога Црвен крст првпат ја започна кампањата вкупно беа собрани продукти доволни за 100 семејства, оваа година, само нашите компании членки донираа средства и продукти кои ќе им помогнат на најмалку 246 семејства. Дел од членките се обврзаа дека ќе донираат и во претстојните недели и ќе ги поттикнат и своите вработени во другите градови низ Македонија да донираат, изјави Мишел Османли, извршен директор на АмЧам Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...