Стопанска комора: Тарифите на ЗАМП превисоки, да се ревидира Правилникот

Скопје, 30 ноември 2015 (МИА) - Хотелиерите, угостителите, кабелските оператори и трговските ланци повторно реагираат на, според нив, превисоките тарифи кон ЗАМП. Не се против плаќањето, велат, но за висината на надоместоците мора сериозно да се разговара.

Како што истакнаа денеска нвините претставници на прес-конференција во Стопанската комора, финансиските оптоварувања согласно Предлог-правилникот за користење авторски музички дела не соодветствуваат на економската ситуација во земјата и куповната моќ на граѓаните. Затоа бараат нивно намалување и ЗАМП јавно да соопшти каде се трошат собраните пари од надоместоците. 

- Бараме ревидирање на Предлог-правилникот, намалување на бодот од четири на два денара и ЗАПМ да каже дали е подготвено од сите правни субјекти да го наплати надоместокот, како и да достави јавни информации - на кого се се исплаќаат средствата прибрани по основ на тарифите, рече Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора.

Според  претседателот на Здружението за информатичка технологија при Комората Благој Христов, надоместоците треба да се плаќаат и за тоа воопшто не станува збор, но проблем е нивната висина. 

- Во Законот јасно стои дека висината на надоместокот треба да соодветствува на економската состојба во државата, а во случајов не е така, укажа Христов, посочувајќи ги како примери Словачка, Унгарија, Бугарија кои, рече, иако со многу повисок бруто национален производ имаат далеку помали тарифи во овој сегмент.

Здружението предлага, нагласи Христов, моментно дефинираните тарифи со кои секој претплатник преку кабелските оператори ќе биде обременет со 16 денари месечно, да се намалат на 0,8 бода или секој претплатник на кабелските телевизии да одвојува по 3,2 денари за надоместок према ЗАМП. - Сметаме дека тоа е економски подносливо, додаде Христов.  

Здружението на трговијата, пак, освен намалување на бодот, бара и просторот кој трговските ланци го даваат под закуп да не биде нивна обврска за плаќање кон ЗАМП, додека Здружението на угостителството и туризмот предлага бањите да не плаќаат надомест за авторски зашто ниту еден здравствен објект каде се сместени пациенти, не подлежи на обврски кон ЗАМП, при прослави во угостителски објекти обврската кон ЗАМП да ја плаќа организаторот и да се пресметуваат осум, а не десет отсто од приходот на реализирана забава и тоа само од вредноста на договорената музика. истио така, основа за пресметка да биде остварениот приход за што доказ е завршната сметка доставена до Управата за јавни приходи, однсоно до централниот регистар еднаш годишно. 

Годишниот извшетај на ЗАМП за 2014 година покажува дека приходите од наплата за апарати за механичка музика и дел за жива музика се зголемени за 23,6 отсто или од 8,99 милиони денари во 2013-та, достигнале 11,11 милиони лани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...