Генерален штрајк во Грција

Атина, 3 декември 2015 (МИА) - Двата најголеми синдикати во Грција денеска организираат генерален штрајк во знак на протест против усвојувањето на буџетот на земјата.



Како што јави дописникот на МИА од Атина, ова е втор 24-часовен општ протест откако Владата на Сириза дојде на власт, кој ги опфаќа јавните услуги и транспортот.

Болниците во Грција денеска ќе работат со основен персонал, јавниот транспорт ќе се одвива со големи потешкотии, затоа што нема да работат некои линии на метрото и на градските автобуси и тролејбуси, а нема да има ниту возови, затоа што на штрајкот ќе се приклучат и вработените во грчката железница „Траиносе“. Се протпоставува дека ќе има нарушувања и во воздушниот сообраќај.

Против владините мерки на штедење вчера штрајкуваа и грчките медиуми. Весниците не излегоа, а немаше ниту вести на телевизиите и радијата.

- Работниците во медиумите, заедно со сите работни луѓе на нашата земја, повикуваат да се задржи сцијалната сигурност ( основни и дополнителни пензии), социјалните бенефиции, здравствениот систем, се вели во заедничката изјава на синдикатите на новинарите.

Меѓу барањата на грчките новинари е и Владата да воспостави професионален фонд за осигурување.

Протестот беше организиран вчера, еден ден пред денешниот генерален штрајк против донесувањето на буџетот за следната година, со цел медиумите да известуваат за денешниот настан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...