Во Крива Паланка 196 барања за легализација во новиот рок

Крива Паланка, 5 февруари 2016 (МИА) - Во новиот рок за поднесување барања за постапување со бесправно изградени објекти досега до Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина на општина Крива Паланка биле поднесени 196 барања.

Овој рок важи за објектите кои се изградени до 2 март 2011 година од кога стапи на сила Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

- Важно е да напоменеме дека овој рок важи за сите објекти, освен за оние со земјоделска намена. Конкретно важи за сите објекти со дефинирана намена, за домување, туризам, трговија, лесна-незагадувачка индустрија и друго, но сите со одредена намена, додека објектите како фарми, штали, складови за храна беа опфатени со закон за земјоделско земјиште, а рокот за тоа е истечен, и истите нема да се легализираат дополнително, изјави раководителот на Одделението за урбанизам,   сообраќај и заштита на животната средина, Добривој Николовски.

Тој информира дека досега откако стапи на сила Законот за постапување со бесправно изградени објекти во Крива Паланка се легализирани 600 дивоградби.

- Речиси сите барања кои беа поднесени беа некомплетни, 600 се решени позитивно, 21 негативно, 894 се во обработка, додека 2.121 барање сеуште е некомплетирано, рече Николовски.

Прилогот кој најчесто недостасува во барањата е геодетски елаборат кој барателите можат да го поднесат најдоцна до крајот на 2016 година, додека барања за легализација на бесправно изградените објекти до 2 март 2011  согласно новиот рок се поднесуваат заклучно со 31 март годинава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...