Ставрески: И годинава ќе имаме солиден економски раст

Скопје, 5 февруари 2016 (МИА) - Вицепремиерот и министер за финасии Зоран Ставрески очекува македонската економија и годинава да има солиден раст и повторно да биде меѓу првите пет-шест земји во Европа со највисок економски раст.

- Со случувањата на политичката сцена и политичката криза, 2015 година ја завршивме успешно и економијата на некој начин беше светла точка во годината во која што немаше многу светли точки. Сепак, растот што се реализира во втората половина од годината, посебно во повеќе сектори, помогнаа Македонија повторно да биде меѓу земјите со највисок економски раст во Европа, рече Ставрески во синоќешната дебата на ТВ Нова за економските случувања во земјава и додаде дека очекува растот да биде помеѓу 3,3 и 3,5 отсто.

Прецизира дека растот во првите девет месеци од 2015 година, за кој се објавени резултатите, изнесува 3,4 отсто за што, како што рече, многу придонесе растот на индустријата во периодот меѓу август и октомври.

- Во тој период растот на индустријата беше преку 11 отсто наспроти негативните стапки кои беа во вториот квартал кога заради политичката криза  во земјава имавме негативен раст што осетно се почувстува во индустријата, рече Ставрески.

Нагласи дека добра стапка на раст имаше и градежништвото, како што е и вообичаено во изминатите неколку години.

- Со растот на индустријата и градежништвото потпомогнати со високиот износ на капитални инвестиции и проекти од Буџетот на Република Македонија, со што се ангажираат голем број домашни фирми во делот на градежништвото и во малата индустрија и малото стопанство, како и со извозот од странските компании, се на се имавме добра година, имајќи предвид какви беа општите околности, осварен е максимумот. Со таква добра ситуација влегуваме и во 2016 година и тоа создава основа да веруваме дека и оваа година ќе имаме солиден економски раст, истакна Ставрески.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...