АД МЕПСО додели стипендии за студенти од Технички факултет-Битола

Битола, 5 февруари 2016 (МИА) - АД МЕПСО и Технички факултет-Битола денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој ја продлабочија својата соработка со отпочнување процес на стипендирање на студенти што студираат на Електротехничкиот отсек при Техничкиот факултет.

Меморандумот го потпишаа Стојанче Нусев, декан на Технички факултет-Битола и Иван Коробар, шеф на кабинет на МЕПСО.

- Со потпишувањето на меморандумот ќе се обезбеди дополнителен мотив сите студенти да постигнуваат што поголеми резултати, да имаат повисок просек и да ја добијат оваа поддршка на МЕПСО. Очекувам матурантите да се запишуваат на Техничкиот факултет, бидејќи тоа е факултет кој овозможува полесни вработувања во македонското стопанство, а потврда за тоа се барањата на компаниите за вработување на наши кадри, истакна деканот Нусев на денешниот промотивен настан во Битола.

Тој посочи дека годишно на Техничкиот факултет своето образование во просек го завршуваат околу 100 студенти од сите насоки и отсеци.

АД МЕПСО ќе ги стипендира најдобрите студенти од 3. година на електротехничкиот отсек кои имаат просечна оцена на студирање над 9, истакна Коробар.

- Студентите ќе добиваат месечна стипендија од по 6.000 денари. Согласно политиките на Владата на Република Македонија, МЕПСО веќе има потпишани меморандуми за соработка со неколку образовни институции, а со доделувањето на стипендии за студенти од Техничкиот факултет-Битола, вкупниот број на стипендисти на МЕПСО ќе се зголеми на 23 лица, истакна Коробар.

АД МЕПСО во рамките на својата платформа за општествена одговорност од 2012 година доделува стипендии на Факултетот за електротехника и информатички технологии при Универзитетот „Св.Кирили Методиј“-Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...