Отворена канцеларија на Агенцијата за вработување во Ново Село

Ново Село, 5 февруари 2016 (МИА) - Агенцијата за вработување денеска отвори своја канцеларија во зградата на локалната самоуправа во Ново Село. Според директорот на АВРМ, Влатко Поповски со ова ќе им се помогне и на барателите на работа, но и на работодавачите.

- Ова е можност за невработените да побараат работно место. Ќе им помогне и на оние кои не се задоволни од работата да ги видат тековните огласи за да најдат друг ангажман. Корист ќе имаат и работодавачите. Од една страна тука може да ги заврпуваат административните работи како на пример пријава/одјава, или огласи за вработување, а од друга страна тука може да ги прават и интервјуата за работа со кандидатите, рече директорот на АВРМ, Влатко Поповски.

Тој посочи дека во тек е огласот за вработување на 300 оператори на машини за фабриката Џонсон Мети која ќе се гради во Струмица. Поповски е задоволен од досегашниот интерес за мерката за самовработување чиј последен повик заврши денеска.

- Денеска завршува делот на пополнување на прашалниците. За 1.300 апликации стигнати се 998 пополнети прашалници. Оставивме дополнителни три дена, и апликантите ќе може прашалниците да ги пополнат до среда. Потоа ќе ја објавиме ранг листата со што сакаме да ги поделиме првите 500 грантови сразмерно на цела територија согласно бројот на аликацииите. Кавалитетот на апликациите е драстично подобрен, а ние ќе се обидеме да ги избереме најдобрите бизнис планови. Имаме апликации од сите делови, освен од земјоделството, такси-превозот или други услуги каде што треба лиценца. Имаме ИТ услуги, производство, угостителство, но најдобро е што имаме дел од производство, рече Поповски.

Според првиот човек на АВРМ, ова е многу добра мерка, за што, како што истакна, одат во прилог податоците дека има две компании кои имаат над 30 вработени, а почнале со еден самовработен, као и десетина кои имаат од 10 до 15 вработени.

- И бројот од 27 проценти затворени фирми од вкупниот број досега финансирани е одличен. И оние кои го затвориле бизнисот се вработени. Последниве две години ги заостривме критериумите, па процентот на затворање се намали, Нашата тенденција е да ги одбереме најдобрите, рече Поповски.

Директорот на АВРМ, Поповски, ја посети и општина Босилово каде што учествуваше на трибина за невработените и работодавачите на која им ги претстави активните мерки и програми за вработување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...