Македонија на саемот за туризам во Брисел

Скопје, 5 февруари 2016 (МИА) - Тур-операторот Томас Кук-Белгија ја зајакнува својата соработка со македонските тур-оператори со што Македонија веќе се најде на нивниот продажен каталог за 2016 година.

Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот која наредните неколку дена  ќе ја промовира Македонија пред белгиските туристи на саемот за туризам во Брисел, од Томас Кук -Белгија велат дека расте и интересот за Македонија од страна и на нивната продажна мрежа во светот.

- Како и секоја година, така и оваа Република Македонија учествува на саемот за туризам во Брисел што претставува значаен придонес како за туризмот, така и за целокупната економија. Ова е можност граѓаните на Белгија да се запознаат со туристичката понуда на Македонија која може да им понуди она што белгијците го немаат, изјави амбасадорот на Македонија во Белгија Лазар Еленовски.

На саемот за туризам во Белгија делегација на Агенцијата одржа состаноци и со најголемите белгиски и европски туристички организации и асоцијации: Асоцијацијата на белгиски туристички организации, Европската асоцијација на туристички агенции и тур оператори и Туристичката организација на Белгија, од кои произлегоа одлични можности за ширење на мрежата на соработници на Македонија во Белгија.

„Salon des Vacances” е најголем саем за туризам во Белгија каде што својата понуда ја изложуваат околу 500 дестинации од светот, а ко-учесници на македонскиот штанд се и ТА Фибула и Бохемиа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...