Расте кредитирањето на претпријатијата

Скопје, 7 февруари 2016 (МИА) - Во последниот квартал од минатата година кај банките е забележано поголемо кредитирање на претпријатијата. Раст е забележан и кај депозитите и на претпријатијата и на населението. 

Според податоците на  НБРМ, обемот  на  новото  кредитирање во последниот квартал е за 2,6 пати повисок од просечниот квартален износ одобрен во  претходните  три  квартали  на  годината  и  претставува  највисок  квартален  износ  на  пласирани кредити во периодот по кризата.

Забрзувањето на кредитниот раст произлегува од зголемената кредитна поддршка на корпоративниот сектор, којшто објаснува  над две  третини  од  новото  кредитирање  во  последниот  квартал. 

Според НБРМ, ова  претставува значително поместување  во  однос  на  движењата  од  претходните  три  квартали,  кога  кредитите  на домаќинствата ја имаа улогата на главен носител на кредитниот раст.

Растот на кредитите на  домаќинствата  во  четвртиот  квартал  е
малку поумерен во  споредба  со претходните  два квартали. Кај кредитите на домаќинствата главен носител на растот и натаму се потрошувачките кредити.

На годишна основа, покажуваат податоците на НБРМ, вкупните кредити во декември се повисоки за 9,5 отсто и ја надминаа октомвриската проекција  за  крајот  на  годината  од  7,7 отсто. 

НБРМ посочува дека здравата солвентна и ликвидносна позиција на банките, засилениот раст на изворите на финансирање и зголемената конкуренција  во  банкарскиот  сектор  се  фактори  што  придонесоа  банките  да  одговорат  со  зголемена понуда на кредити.

Во однос на изворите на финансирање,  во последниот квартал
беше забележан силен раст на вкупните депозити со што годишната стапка на раст на вкупните депозити во декември изнесува 6,5 проценти и е над проекцијата за крајот на годината предвина на  3,7 проценти.

Поголем придонес, сметаат од НБРМ,  кон растот на вкупните депозити во последниот квартал имаа депозитите на корпоративниот сектор, а висок раст остварија и депозитите на домаќинствата којшто главно е произлезен од  зголемените  депозити  во  домашна  валута. 

-Ваквите  поместувања  на  депозитниот пазар  се  сигнал  за  стабилизирање  на  очекувањата  и  постепено  исцрпување  на  ефектите  од  неекономските фактори, коишто доведоа до послаби остварувања кај депозитите на домаќинствата во претходните два квартали, стои во извештајот.

НБРМ очекува дека депозитната база на банките ќе се зголемува и во
следниот  период, обезбедувајќи  стабилни  извори  за  финансирање  на  кредитниот  раст, којшто според октомвриската проекција во следните две години би се движел помеѓу 7 и 8 проценти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...