Полесен пристап до кредити за иновативни инвестиции

Скопје, 8 февруари 2016 (МИА) - Малите и средните претпријатија во Македонија преку „ПроКредит“ банка ќе имаат пристап до десет милиони евра кредити достапни за иновативни инвестиции, како и за набавка на нови машини, опрема, проширување на производсвото или услугите.

Средствата се обезбедени преку програмата „InnovFin“ на Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ).

Како што се наведува во соопштението на банката, компаниите ќе може да ги користат кредитите за инвестиции и во фиксни и во обртни средства, а најголема предност е во делот на обезбедувањето на кредитот, за кои е потребно многу помало обезбедување.

Директорот на бизнис секторот од ПроКредит банка Стевче Кузмановски очекува овие средства да бидат значајна поддршка за перспективни претпријатија кои се занимаваат со производство, извезуваат  и се шират на странските пазари и воведуваат нови и иновативни производи.

Согласно „Хоризонт 2020“, рамковната програма за истражување и иновации на ЕУ, освен во Македонија преку ПроКредит банките ќе ги пласираат овие средства и во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Молдавија, Романија и Србија. ПроКредит банките покрај поволните услови за кредитирање ќе нудат и целосна поддршка на бизнисите во доменот на регионалното ширење на бизнисот и меѓунардниот платен промет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...