Младите од Гевгелија покажаа интерес за проектот „Купи куќа за млади“

Гевгелија, 11 февруари 2016 (МИА) - Од Гевгелија синоќа стартуваше карванот „Купи куќа за млади“ во чии што рамки во 30 општини низ Македонија ќе се одржат презентации на владиниот проект кој на младите им нуди избор на модели  преку кои со неповратни средства ќе им помага во отплаќање на ратата  или ќе го плаќа учеството за станбен кредит за купување, изградба, надградба или доградба на куќа.

Презентацијата на моделите пред големиот број заинтересирани млади гевгеличани за користење на поволностите од кредитите ја извршија претставници на Министерството за финансии со посебно појаснување на условите за младите не постари од 35 години кои можат да ги добијат субвенциите од Владата доколку платата на двајцата брачни другари е помала од 1.300 евра или доколку поединец има помала плата од 900 евра месечно. Рокот на отплата  на кредитот е најмалку 20 години со можност за предвремена отплата по 12 години за моделот рата  или по десет години за моделот учество.

Моделот субвенција на рата овозможува поддршка од Владата за отплата на месечната рата во висина од 80 отсто во првите осум години и 50 отсто од ратата во 9-тата, 10-тата и 11-тата година од периодот на отплата на кредитот чија што каматна стапка во првите три години изнесува 3,95 отсто и 4,44 отсто за четвртата и петтата година по кое каматата ќе ја одредува банката, но таа не смее да биде повисока од каматната стапка на другите станбени  кредити.

Преку моделот субвенција на учество Владата овозможува отплата на целото учество од субвенционираниот кредит за куќа до 25 отсто од кредитот со фиксна каматна стапка за целовремена отплата на кредитот која изнесува 6 месечен ЕУРИБОР плус 4,5 процентни поени.

Градоначалникот на Гевгелија, Илија Фрнагов изрази задоволство од големиот интерес за презентацијата од страна на младите брачни парови и поединци од општината и нагласи дека проектот уште од старт покажува дека ќе успее.

- Ова е само доказ дека со проектите што им се нудат на младите Владата се грижи колку што може повеќе да им помага во сите сфери од животот да им обезбеди оптимални услови за основа во земјава особено со субвенциите кои се нудат за решавање на многу важното станбено прашање, рече градоначалникот Франгов.

Раководителот на Одделението за урбанизам на општина Гевгелија, Панче Киров потврди дека општината е подготвена за имплементација на проектот со тоа што веќе располага со 500 парцели на три градежни локации во Гевгелија и тоа во месностите Караорман, Касарна и на Мрзенски Рид кое е по почетна продажна цена од едно евро за квадрат можат да им се понудат на идните апликанти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...