„Тиквеш“ со два милиона инвестиција во врвни вина

Кавадарци, 11 февруари 2016 (МИА) - Винарската визба „Тиквеш” останува на стратегиската опредлеба - континуирано инвестирање во производството, подобрување на квалитетот и промоција на македонското вино во светот.

Како што информира генералниот директор Игор Илиевски на средба со новинарите, компанијата продолжува да вложува со несмалено темпо, а фокусот и натаму е што поголем обем на продажба пред се на странските пазари како единствен начин за долгорочна одржливост и раст на бизнисот.  

Изминатите десетина години, нагласи Илиевски, „Тиквеш“ вложи преку 30 милиони евра во осовременување на капацитетите и подигање на квалитетот воопшто - опрема, технологија, лозови насади, знаење, човечки ресурси. Процесот беше заокружен со ланската инвестиција во врвни вина од околу два милиона евра.

- Заокружувањето на целиот процес за производство на премиум вина е околу два милиона евра. За оваа година првично се планирани 700 илјади евра, од кои делумно за дозавршување на тоа произвдоство, а делумно на инвестирање во лозови насади, едукација на човечки ресурси, доосовременување на технологии и користење обновливи извори на енергија, рече директорот.

Минатата година, оцени, беше исклучително успешна за „Тиквеш“ и рекордна во однос на освоените награди на сите значајни светски фестивали. На домашниот, а посебно на надворешните пазари винаријата успеа да оствари зголемен пласман. Паралелно направи пробив и на нови пазари. Предвидувањата, и покрај околностите во регионот, како што нагласи Илиевски, се релативно оптимистички. 

- Наградени беа и вината од 2014-та која важеше за проблематична берба. Лани имавме уште поголем потенцијал за освојување награди, додаде директорот.

Според него, поднебјето нуди одлични услови за одгледување винова лоза и правење врвно вино, а тоа може да се материјализира единствено преку континуирано инвестирање во производството, унапредување на технологијата и човечките ресурси.

- Промоцијата на македонското вино во светот останува наша клучна стратегиска определба зашто само така можеме да направиме исчекор на светската сцена и како компанија и како Македонија. Македонското вино е стратегиски производ, веруваме дека со него земјава може да биде препознаена во светски рамки. За тоа имаме потврди од релевантни странски познавачи на виното, посочи Илиевски.

„Тиквеш“ учествуваше и на огласот за „Бадел“, кој, како што истакна директорот Илиевски, бил поништен, иако станувало збор за нешто што би можело да има перспектива.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...