ССМ: Преговори за К-15 во јавен сектор по изборите

Скопје, 11 февруари 2016 (МИА) - Околу 10 до 15 проценти од компаниите не ја исполниле законската обврска и на работниците не им исплатиле регрес за годишен одмор, познат како К-15, покажуваат анализите на Сојузот на синдикатите на Македонија.

- Сакам да укажам на фактот дека ССМ успеа да го задржи ова право да биде задолжително, а таму каде што имаше проблеми заедно со синдикатите се утврдуваше дали тие проблеми се реални, кои во одредени гранкови синдикати придонесоа да дојде и до намалување на висината на регресот за годишен одмор. Но морам да ви кажам дека тоа беше исклучително мал број на претпријатија, изјави денеска претседателот на ССМ, Живко Митревски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Митрески посочи дека предвидена е затворска казна од 6 месеци до една година доколку работодавачот не исплати регрес за годишен одмор или доколку го исплати, а потоа побара од работникот да го врати назад. 

- Имаме регистрирани случаи кај неколку работодавачи кои вршеле ваков притисок, но заедно со гранковите синдикати овозможиле да се вклучиме во посредувањата. Четирите случаи кои што беа благодарение на нашата интервенција се реализирани, рече Митревски. 

Тој најави дека преговорите за К-15 во јавниот сектор ќе започнат веднаш штом биде формирана нова влада по изборите.

Инаку, ССМ почнува со реализација на проектот за сигурни работни места која ќе се реализира со низа мерки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...