Грчките земјоделци продолжуваат со блокадите на границите

Атина, 11 февруари 2016 (МИА) - Грчките земјоделци од северниот дел на земјата ги продолжуваат блокадите и својата мобилизација против пензиските реформи што ги предлага Владата, јави дописникот на МИА од Атина.

- Голем број земјоделци утре ќе заминат на протестот во Атина, но се погриживме нашите блокади да не ослабнат, велат земјоделците и додаваат дека доколку на протестот во Атина дојде до судири, тие ќе ги зајакнат блокадите.

Според комитетот за блокади, граничните премини кон Македонија кај Евзони и Дојран ќе бидат затворени од 13 до 15 и од 20 до 22 часот по локално време (12 до 14 и 19 до 21 часот по македонско).

Царинскиот терминал Промахонас на грчко-бугарската граница секој ден ќе биде отворен од 11 до 15 часот, Ексохи ќе биде затворен од 10 до 15, а потоа и во 22 часот.

Грчко-албанската граница кај Кристалопиги и грчко-македонскиот граничен премин Ники ќе бидат затворени од 11 до 23 часот.

Земјоделците претходно соопштија дека автопатот Атина-Солун во долината Темпи ќе биде отворен вечерва во 21 часот до утре на пладне, за да им се олесни патот на нивните колеги кои од северна Грција ќе патуваат на дводневниот протест во Атина што ќе се одржи на плоштадот Синтагма.

Сепак, земјоделците соопштија дека блокадите ќе го достигнат својот врв за време на протестот во Атина. Во секој случај, долината Темпи од денеска до понеделник ќе биде отворена повеќе часа.

Земјоделците од блокадите кај Темпи ги испратија своите предлози до премиерот Ципрас, како и лидерите на партиите и чекаат одговор за да почне дијалогот. Тие соопштија дека дијалогот врз основа на нивните предлози може да почне после понеделник, кога ќе заврши протестот на нивните колеги во Атина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...