Обезбедени финансии за изградба на инфраструктура во Индустриска зона 8 во Неготино

Неготино, 12 февруари 2016 (МИА) - Владата на Република Македонија  обезбеди финансиски средства за изградба на инфраструктурата во Индустриската зона 8 во Неготино, информираше денеска градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов.

- Всушност, Владата обезбеди финансии во висина од околу 180.000.000 денари за реализација на 28 проекти доставени од Центрите за развој на осумте плански региони во нашата држава, а по објавениот повик за финансирање на проекти за развој на регионите, од кои најголем дел се за инфраструктурни проекти, рече градоначалникот.

Апостолов појасни дека во  Вардарскиот плански регион ќе се финансира изградбата на инфраструктурата во индустриските зони во Неготино и во Велес.

- Имено, за уредување на 2 зони во Неготино и Велес обезбедени се вкупно 300.000 евра, со тоа што дел од овие средства ќе бидат наменети за изградба на инфраструктурата во Индустриската зона 8 во Неготино, додаде градоначалникот Апостолов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...