Струмичките фармери на Саем за вино во Бугарија

Струмица, 12 февруари 2016 (МИА) - Стотина земјоделци од Струмица беа гости на Саемот за вино што минатиот викенд се одржа во Мелник, Бугарија. Собирање меѓународно искуство за производство и третман на грозје, како и создавање вино според европски стандарди, беа дел од целите на едукативната посета која им ја организираа од Здружение на земјоделци „Хорти еко“.

- Македонското вино е подобро, но бугарското произведено во Мелник важи за најдобро кај нашиот сосед. Нашите фармери тука имаа комплетна можност да го видат начинот како се произведува и чува виното на нивните бугарски колеги. Запознавањето со голем број производители на вино и грозје беше можност плус да се споделат и надградат досегашните сознанија и искуства, вели Томе Тимов, претседател на Здружението на земјоделци „Хорти еко“ од Струмица.

Струмичките производители велат дека последниве години со новите технологии на производство стануваат конкурентни на бугарските.

- На саемов доаѓам првпат. Секогаш е добро меѓународното гостување и претставување. Особено беше интересна посетата на Музејот на виното. Тоа покажува како треба да се почитува оваа земјоделска гранка која е особено значајна и во нашата држава, вели Војо Катранџиев, земјоделец.

Гостувањето во Мелник, земјоделците го искористиле и за промоција на туристичката карта на Струмица и на регионот. Велат дека југоистокот има многу да покаже и да понуди на потенцијалните туристи од Бугарија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...