Во Кочани се бараат локации за игралишта за кошарка и за фитнес зони

Кочани, 12 февруари 2016 (МИА) - Комисијата за урбанизам при Општина Кочани на денешната седница ги анализираше можните локации за изградба на игралиште за баскет и за фитнес зони - барања на Агенцијата за млади и спорт.

- Стручните служби од Општината предложија четири локации за игралиште за баскет: во месноста Прокарка, на „Мородвиска епископија“ во близина на маркетот „Зендолино“, на улицата „Февруарски поход“ и во близина на комплексот „АСНОМ“. Овие предлози беа дополнети со локации во населбата Бејрут, кај Колерски Гробишта, Усова Чешма и на паргингот кај Споменикот на слободата. Фитнес-зоните ќе содржат елементи за лесна атлетика, хоризонтална и вертикална клупа, вратило, туш кабина, гардероба и мијалник. Нивното поставување ќе има за цел да ги подобри условите за физичката активност кај луѓето, изјави Александар Гицов, раководител на Одделението за урбанизам во општината.

Како најсоодветни за фитнес-зони беа предложени локации во Градскиот парк, во СРЦ „Бавчалук“, Гоцева Шума и кај Градскиот базен во СРЦ „ЗОРИК“.

Општината упати повик до граѓаните да достават предлози во Секторот за урбанизам со цел да се изберат најпотребните и најсоодветните локации за овие намени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...