Грант од по 615 илјади денари за брзорастечки мали компании

Скопје, 12 февруари 2016 (МИА) - Финансиска поддршка во висина од 615 илјади денари по компанија за отворање до три работни места ќе овозможи новата пилот-мерка „Финансиска поддршка на брзорастечки микро и мали компании или т.н. газели“.



Новата мерка, што ќе се реализира годинава, денеска ја најавија заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски и претседателот на Бизнис конфедерацијата на Република Македонија Миле Бошков. 

- Се предвидува со буџетот кој го обезбедивме во висина од 6 милиони и 650 илјади денари финансиски да ги поддржиме најуспешните микро и мали компании кои успешно работат изминатите неколку години, бележат раст и развој и имаат бизнис план за понатамошен развој на сопствената компанија и за зголемување на бројот на вработени, нагласи Спасов. 

Со оваа мерка и со оваа финансиска поддршка, како што рече, ќе се поттикне понатамошниот развој на мали и микро компании, особено во областа на производството и современи услуги, како на пример информатичките технологии. 

Спасов изрази надеж дека оваа мерка ќе биде успешна и оти понатаму ќе влезе како стандардна мерка во Оперативните планови на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување. 

- Бизнис конфедерацијата на Република Македонија, која е реализатор на оваа мерка, во рангирањето на најуспешните микро и мали компании, кои ќе добијат финансиска поддршка од 615 илјади денари ќе вклучи претставници од сите стопански комори и сојузи во Македонија. Се со цел да имаме претставници од сите организации на бизнис заедницата, кои ќе учествуваат во рангирањето на компаниите, рече Спасов.

Директорот Поповски ги повика сите микро и мали компании кои постојат пред 2012 година, имаат најмалку двајца вработени и позитивно салдо во последните три години да аплицираат и да бидат дел од оваа програма. Тој изрази надеж дека ќе се изберат најквалитетните фирми од Македонија. Пријавувањето е од денеска до 12 март. 

- Со оваа активност, односно промовирање на газелите како добар пример на водење бизнис, особено кај мали и микро компании ќе поттикнеме одржливост, знаење, квалитет и опстојност во македонската економија, рече Бошков.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...