Избран концесионер за решавање на проблемот со згурата со тешки метали од Топилницата

Велес, 12 февруари 2016 (МИА) - Скопската фирма „Екоцентар 97“ ја доби концесијата за отстранување на згурата од тешки метали од работењето на велешката Топилница. Фирмата беше избрана на повик што го распиша Министерството за економија. 
 
На прес конференција градоначалникот Славчо Чадиев искажа задоволство што конечно од Велес со екплоатацијата ќе биде отстранет  големио црн рид  полн со тешки метали како олово, цинк, кадмиум и други.
 
- Ова е убава вест за сите граѓани на Велес и мене како градоначалник, што конечно по 13 години по затворањето со работа на Топилницата за олово и цинк која им го нарушуваше здравјето на велешани, оваа година ќе почне и решавањето на големиот проблем со црниот рид. Како што е познато на јавноста со секој и најмал ветер во јавните површини и домовите на граѓаните на Велес,од црниот рид се разнесуваа црни прашинки со тешки метали кои им го нарушуваа здравјето на велешани, рече Чадиев.
 
 
Тој додаде дека деновиве ќе има средба со раководството на „Екоцентар 97“ на која треба да се договори начинот на кој тие ќе го решаваат проблемот со експлоатација на згурата од велешката Топилница, односно начинот на транспорт, времетраењето и во кој период од денот и како ќе се транспортираат деловите од згурата.
 
Концесијата ја добија за 10 години, а како што рече Чадиев, тие го информирале дека проблемот планираат да го решат за две до три години.

„Екоцентар 97“ ќе мора да изработат повеќе елаборати и да ја извади целокупната документација за начинот на кој ќе се извршува екплоатацијата на згурата.

Згурата или попозната во јавноста како Црниот рид во Велес лоцирана веднаш над Топилницата, а  на стотина метри од последните станбени згради во Велес, е создаден од тридеценското работење на велешката Топилница. Црниот рид  е тежок  1,7 милиони тони тешки метали, а  од кои 8 проценти е цинк, 1 процент е олово, а има и кадмиум и други тешки метали.
 
Црниот рид со згура со тешки метали  е една од десетте еколошки црни точки во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...