Статистика: Намалени трошоците за живот

Скопје, 12 февруари 2016 (МИА) - Трошоците на живот во јануари годинава се намалени за 0,2 отсто во однос на претходниот месец, додека во споредба со јануари 2015 година се зголемени за 0,1 отсто. Цените на мало, пак, во јануари 2016 во однос на декември 2015 останале исти, а во однос на јануари 2015 бележат пораст од 0,2 процента, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Намалувањето на трошоците на живот минатиот месец во споредба со јануари 2015 година, според ДЗС, е резултат на поевтинувањето на свежото и разладеното овошје за 1,9 отсто, на сушеното, соленото и пушеното месо за 1,6, на јајцата за 0,6, на сувото овошје и јаткастите производи за 0,5, на лебот и месото за 0,4, како и на свежиот и разладен зеленчук, освен компир, за 0,3 проценти.

Во јануари, исто така, намалување на трошоците на живот е забележано и кај обувките за 3,7 отсто, течните горива и мазива за 3,5, туристичките аранжмани за 3,4, малите алатки и останатите додатоци за домаќинствата за 1,7, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 1,4, предметите за лична хигиена и здравје за 1,3, услугите за лична хигиена за еден, превозот на патници со автобус за 0,8, лековите и угостителските услуги во рестораните и хотелите за 0,6, облеката и други нетрајни средства за домаќинствата за 0,3, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за домаќинствата за 0,2 отсто.

Пораст на трошоците е забележан кај другите пекарски производи за 2,9 отсто, замрзнатиот зеленчук освен компирот за два процента, другите прехранбени производи за 1,9, оризот и компирот за 1,8, изнутриците за 1,6, брашното и другите житарици за 1,5, конзервираното овошје за 1,1, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за еден отсто, другите преработки од месо, рибата и морските плодови за 0,7, помалку масното млеко, сирењето и урдата, маслото и маснотиите за 0,5, полномасното млеко за 0,3 и безалкохолните пијалаци за 0,2 отсто.

Пораст има и кај авионскиот превоз на патници за 4,9 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 3,2, болничките услуги за 2,1, автомобилите за 1,4, малите електрични апарати за домаќинствата за 1,2, големите електрични апарати за домаќинствата за 1,1, накитот и часовниците за 0,3, материјалите за одржување и поправки на станот и информатичката опрема за 0,2 отсто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...