Лани во Македонија имало 70.139 активни деловни субјекти

Скопје, 25 март 2016 (МИА) - Во Македонија лани имало 70.139 активни деловни субјекти од кои најголемиот дел, 80,2 проценти имале по еден до девет вработени.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учество во структурата имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 23.843 субјекти или 34 отсто  и Преработувачка индустрија со 7.639 субјекти или 10,9 проценти. 

Најмала застапеност имаат секторите: Рударство и вадење камен со 173 субјекти или 0,2 отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 160 субјекти или 0,2 процента.

Според бројот на вработени, најголемо учество од 80,2 отсто имаат деловните субјекти со 1 до 9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број на вработени (без податок за вработени) со 10,4 отсто, па субјектите со 10-19 вработени со 4,3 отсто, субјектите со 20-49 вработени чие учество изнесува 2,8  отсто, со 1,9 проценти учествуваат субјектите со 50-249 вработени и само 0,3 проценти од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...