„Саем на кариера“ во Штип

Штип, 27 април 2016 (МИА) - Полуматурантите од штипските основни училишта денеска на „Саемот на кариера“ во Домот на млади во Штип практично се запознаа што средните стручни училишта им нудат, доколку своето образование го продолжат кај нив.

Средните стручни училишта на штандовите им ги покажаа своите креации, производи и услуги кои можат да ги стекнат по завршувањето на електро-машинската, угостителската, текстилната и медицинската струка. Градоначалникот на општина Штип Илчо Захариев на денешното свечено отварање на „Саемот на кариера“ забележа дека развојот на Штип е забрзан, а секојдневно има побарувачка од работна сила во домашните и странски компании.

- Општина мора активно да се вклучи преку образовните програми децата да ги усмери уште во средното образование на одредени профили, кои ќе бидат потребни на нашиот град и на нашето стопанство, за да утре не ни се случи во Заводот за вработување да имаме лица кои не се соодветни, а кои бараат работа, а не можат да ја најдат. Затоа лично мислам дека ваквите манифестации се многу значајни и битни. Еве зошто имаме 85 текстилни компании кои се соочуват со еден реален проблем на обезбедување на квалитетна стручна работна рака, знаете производите се продаваат на европскиот пазар, а таму купувачите знаат што е квалитет, вели Захариев.

Тој додава дека компаниите од автомибилската и електро-машинската индустрија во ТИР зоната, но и во индустриските зони во Штип имаат потреби од стручни кадри, како што е италијанската компанија „Кондево“ која гради фабрика во ТИР зоната, а на која што ќе и бидат потребни од 200 до 300 работници кои имаат завршено електро-машинско училиште.

- Мора да кажам дека и нашето средно медицинско училиште има повеќе профили на кадри, а за нив мораме да кажеме што нуди новата Клиничка болница која се гради, вели Захариев.

Ѓорѓи Кушевски, директор на УСАИД „Јес Мрежа“ вели дека неколку години соработуваат со штипските средни училишта и Центарот за вработување, со цел да се насочат учениците и да ги добијат вистинските информации за она што се бара на пазарот на трудот.

 - Целта на овој настан  денеска е да ги ставиме на едно место сите овие главни чинители во образованието, институциите, бизнисите, Центарот за вработување, општината, затоа што горливиот проблем кој го имаме невработеноста на младите може да се намали исклучиво кога сите институции ќе се вклучат, вели Кушевски.

Во Штип во моментов се градт шест фабрики во индустриските зони, а сопствениците имаат потреба од стручен кадар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...