Банките имаат висока ликвидност, депозитите сигурни

Скопје, 27 април 2016 (МИА) - Банкарскиот систем е најздравиот дел од нашата економија. Во моментов банките имаат вишок ликвидни средства и подготвени се да ги сервисираат сите потреби на граѓаните, а штедните влогови се сигурни и стабилни.

Ова го посочи денеска на прес-конференција претседателот на Здружението на банкарство при Стопанската комора на РМ Коста Митровски.

- Банкарскиот систем поседува висока капитализираност, адекватноста на капиталот е речиси два пати поголема од пропишаниот законски минимум, и како и во изминатиот период така и сега банките располагаат со висока ликвидност, појасни Митровски. 

Според него врвен приоритет на сите банки во Република Македонија бил и секогаш ќе биде, на своите штедачи, било да се тоа правни или физички лица, да им ги гарантираат штедните влогови, да им овозможат во секое време да можат да располагаат со нив, да ги разорочуваат доколку тоа го сакаат, да ги подигаат, да вршат менувачки работења, да плаќаат со нив во земјата и во странство и да креираат нови депозити со услови прифатливи за нив.

- Бидејќи е тоа така, а така било и во услови на економски кризи низ кои поминавме сите овие изминати години, во името на моите колеги кои ги водат домашните банки сум овластен да ги известам граѓаните дека штедните влогови што ги имаат во банките им се сигурни и стабилни, изјави Митровски.

Тој потенцираше дека граѓаните немаат потреба да бидат вознемирени, заштедите во банките им се сигурни и стабилни и дека тие треба да се водат само од својот интерес, а тоа е средствата да им се оплодуваат и да ги пласираат таму каде што тие самите ќе одлучат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...