Телефонски разговор Ципрас-Јункер за барањата на кредиторите

Атина, 28 април 2016 (МИА) – Грчкиот премиер Алексис Ципрас телефонски разговарал со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, соопшти Кабинетот на Ципрас, јавува дописникот на МИА од Атина.

Јункер му рекол на грчкиот премиер дека тој силно ќе се обиде Еврогрупата наскоро да одржи состанок.

Јункер вчера изјави дека специфичните вонредни мерки кои кредиторите ги побараa од Грција „неразумни и неуставни“, додавајќи дека ниту една демократија во светот не би прифатила такво барање за мерки за вонредни ситуации.

Грчкиот премиер денеска треба да има телефонски разговор и со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Грција вчера го обвини Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) дека ги поткопува напорите за постигнување договор за опциите за финансирање откако преговорите за нова транша од економската помош западнаа во ќорсокак. Преговорите се блокирани поради барањата на кредиторите Атина да воведе вонредни мерки во случај да не успее да ги постигне фискалните цели во 2018 година. Во прашање е доведено префрлањето на повеќе од пет милијарди евра финансиска помош неопходни за анулирање заеми од ММФ во јуни и јули.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...