Дојран очекува до 15 илјади гости за празниците

Дојран, 28 април 2016 (МИА) - За продолжениот Велигденски и Првомајски викенд приватните угостители и комерцијалните објекти во Дојран се максимално подготвени да ги пречекаат гостите кои треба да пристигнат во попладневните часови, изјавија од Туристичкото биро во Дојран.

- За претстојниот празничен викенд не може да се најде слободен кревет, а по наша проценка на дојранското крајбрежје ќе претстојуваат од 12 до 15 илјади гости од земјава и странство. Во приватното сместување креветите се издаваа по 300 денари, а апартманите од 1.000 до 1.500 денари додека пак во хотелите ноќевање со доручок чини од 1.200 до 1.500 денари. Сите расположливи капацитети се веќе пополнети и Дојран е подготвен да ги прими првите гости, рече раководителот на Туристичкото биро, Перо Митаноски.

Дојран како град на културата, како што истакна Митаноски, посебно се ангажира околу забавата за младите, кои се очекуваат во голем број. - Од утре до понеделник преку ден и во вечерните часови ќе се организираат журки на плажа со познати диџеи од Македонија, Грција и Бугарија, додаде тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...