Туристичката понуда на Македонија претставена на саем во Ниш

Скопје, 28 април 2016 (МИА) -  Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија заедно со повеќе од 140 излагачи од земјата и регионот ја претставува туристичката понуда на Македонија на 17-тиот Саем за туризам во Ниш што се одржува од 26 до 28 април.

Како што соопшти Агенцијата денеска, покрај активниот одмор што е главна тема на саемот, оваа година акцентот е ставен на гастрономската и винската понуда.

- За време на меѓународниот саем за туризам во Ниш посетителите имаа можност да дегустираат македонски ајвар, сирење и вино. За време на саемот, делегацијата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот оствари бројни состаноци со агенции од регионот кои ја нудат и соработуваат со Македонија. Fly Fly Travel и Marco Polo го изразија своето задоволство од интересот што постои за Македонија кај нивните клиенти, а воедно и најавија поголем број српски туристи кои планираат да го посетат Охрид за време на велигденските празници за разлика од минатата година, се вели во соопштението.

Состаноци биле остварени и со ЈУТА – Асоцијација на српски туристички агенции, Националната Агенција за туризам на Србија и Националната туристичка организација на Ниш со што, како што се вели во соопштението, уште еднаш е потврдена потребата од заедничка соработка со цел привлекување на странски туристи од далечни пазари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...