ССМ бара итно решавање на политичката криза

Скопје, 28 април 2016 (МИА) - Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара од надлежните политички субјекти итно решавање на политичката криза и, како што наведува во Првомајскиот проглас, создавање услови за нормален развој на државата и реализација на евроинтегративните процеси.

Барањето за решавање на политичката криза го потврди и претседателот на ССМ Живко Митревски пред денешната тркалезна маса за заштита при работа.

- Апелираме политичката криза што е можно побрзо да се реши за да се обезбедат понормални услови во делот на спроведувањето на евроинтеграциските процеси на Република Македонија, обезбедување постабилни услови за работа на работниците и граѓаните во Република Македонија, изјави Митревски. 

Како што стои, пак, во Првомајскиот проглас на ССМ, синдикатите денес се исправени пред силни предизвици наметнати од неолибералните политики од се уште присутната економска криза, а во Македонија се дополнително исправени и пред сериозната политичка криза.

- Во овој контекст синдикалната борба станува еден од најзначајните фактори во мобилизирањето на сите синдикални сили врз основа на принципот на единство, солидарност и доверба да ги остварат социјалните и економските права на работниците, да ги унапредат работничките права, да ја елиминираат нееднаквоста, да го збогатат социјалниот дијалог, да остварат вклученост на синдикатите во креирањето на социјално економските политики и генерално да обезбедат сигурни работни места и спроведување на индустриска демократија, стои во Прогласот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...