ССМ најавува кампања за мобилизирање ново членство

Скопје, 28 април 2016 (МИА) - Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе го прослави Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, со почнување кампања за организирање и мобилизирање ново членство.

Како што најавува во денешниот Првомајски проглас, кампањата ќе се реализира во текот на целата година, а ќе биде фокусирана и на зачленување во синдикатите на неорганизираните работници, давање институционална можност за остварување колективна заштита и обезбедување социјална правда, социјална инклузија, солидарност и колективно обезбедени работнички права

ССМ, стои во Прогласот, и оваа година ќе бара вклучување во сите процеси кои водат кон унапредување на социјалниот дијалог, повеќе и подобри работни места спроведување индустриска демократија, унапредување на информирањето и конслутирањето, учество во економското управување, унапредување на процесот на колективно преговарање и договарање, обезбедување услови за здрави и безбедни работни места, сигурни и зголемни плати, економска и родова еднаквост и обезбедување на збогатени социјални права и стандарди за сите работници.

- И оваа година ќе бараме од сите социјални партнери збогатување на социјалниот дијалог, унапредување на колективното преговарање преку зајакнување на институционалната рамка во Законот за работните односи, како и потпишување и имплементирање протокол за социјален напредок, се наведува во Прогласот.

Сојузот на синдикатите на Македонија им го честита празникот на сите работници и граѓани на Република Македонија во името на, како што наведува, историската традиција и борба за обезбедување социјална правда и индустриска демократија, повикувајќи се на потребата од се поголема социјална инклузија, еднаквост, рамноправност, политичка, етничка, верска и национална толеранција, економски раст и развој на работничките права.

- Први мај е ден кога ја славиме историската борба на работниците за подобри работнички права, посигурни работни места, подобра и посигурна социјална и економска положба на нив и нивните семејства, пишува ССМ во Првомајскиот проглас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...