Б92 - Белград

Дали на светот му се заканува нова валутна војна?

Со почетокот на глобалната криза пред 10 години, кога се виде дека не се работи за обична краткорочна рецесија, централните банки на некои земји се одлучија со слабеење на сопствената валута да го поттикнат растот на извозот, со што би се поттикнало производството и отворањето на нови работни места во нивните земји, а што би довело до намалување на негативните последици од кризата и би помогнало во враќање на стопанствата на вистинскиот курс.

Меѓутоа, извозот на една земја нужно станува увоз на останатите земји, кои исто така беа зафатени од кризата и исто така одлучуваа да ја пребродат со намалување на увозот и поттик на извозот, што најлесно се постигнува со слабеење на валутата. Една по друга, централните банки на практично сите најважни стопанства во светот почнаа да преземаат мерки кои доведува до слабеење на нивните валути во однос на валутите на нивните најважни трговски партнери. Таквата состојба се нарекува валутна војна и редовно доведува до големи осцилации во валутните курсеви.

По неколку години подоцна, по спроведувањето на радикални мерки на монетарната политика кои никогаш порано не биле користени, кризата се смири, но состојбата се уште не е добра. Стопанскиот раст во многу економии и понатаму е слаб, а стапката на инфлацијата веќе со години е на невообичаено ниски нивоа.

Централна банка, која во кризата прва се одлучи на вбризгување на огромна количина на пари во финансискиот систем беше американската централна банка и според многумина токму поради тоа денес американското стопанство е во најдобра состојба. Како што беше очекувано, американската централна банка подоцна прва ја заврши програмата за директно вбризгување на пари во финансискиот систем и прва почна да ги зголемува референтните каматни стапки, за да го спречи наглиот раст на стапката на инфлацијата и да создаде простор за делување во идната рецесија. Таквите потези доведоа до нагло јакнење на американскиот долар во однос на многу други валути, па доларот денес во однос на еврото, британската фунта и јапонскиот јен е 10 до 20 пати посилен од што беше пред три години. Европската и јапонската централна банка пред неколку месеци се одлучија на уште една екстремна мерка на моментарно лабавење – намалување на каматните стапки во негативна територија, па во американската централна банка се појави страв дека, ако продолжи да ги зголемува каматните стапки во САД, ќе предизвика префрлување на огромна количина на капитал во САД, што ќе доведе до дополнително јакнење на доларот и влошување на американскиот трговски дефицит. Од последните неколку обраќања на јавноста, Џенет Илеин, директорка на американската централна банка, може да се заклучи дека каматните стапки нема да се зголемуваат со темпо какво што се очекуваше пред неколку месеци, туку процесот на затегнувањето на монетарната политика ќе биде многу побавен.

Тоа значи дека светот влегува во нова фаза на валутна војна. Целта и понатаму ќе биде иста – да се има послаба валута од најважните трговски партнери, за да се стимулира извозот и да се дестимулира увозот, но сега тоа веќе нема да го постигнуваат со поекстремни мерки за монетарно лабавење од останатите банки, туку со одложување на затегнувањето на монетарната политика. Резултатот од таквата стратегија исто така ќе биде ист – тие централни банки кои побавно ќе ги зголемуваат каматните стапки, ќе обезбедат на сопственото стопанство поволен курс на валутата, кој во идните години ќе биде поволен за извозот.

Аналитичарите на Адмирал Маркетс сметаат дека таквиот пристап во спроведувањето на монетарната политика и понатаму ќе предизвикува големи осцилации на валутните курсеви. Тие очекувани осцилации ќе продолжат да претставуваат ризик при задолжувањето во странски валути, но исто така ќе пружат прилика за остварување на профит на сите тие кои активно тргуваат со валути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...