Прилеп ќе се гасифицира за две и пол години

Прилеп, 4 мај 2016 година (МИА) - Прилеп за две и пол години ќе биде опфатен со гасификацијата и компаниите и домаќинствата ќе може да го користат овој природен енергенс. Изградбата на Делницата од Неготино, Кавадарци, Прилеп до Битола ќе почне во јули или август годинава, изјави Крсте Миладинов, извршен директор на Македонски енергетски ресурси, компанија задолжена за гасификација на државата.

Миладинов денеска беше во посета на прилепските компании, заинтересирани за гасификација и на локалната самоуправа.

- Посетивме неколку компании каде го видовме интересот за гасификацијата и нивните потреби за нов енергенс. Со задоволство можам да кажам дека оваа година, во јули или август се очекува да почне изградбата на новиот магистрален гасовод, делницата Неготино-Прилеп-Битола. За две, до две и пол години и Прилеп ќе има можност да добие нов енергенс, односно природниот гас, вели Миладинов.

Истражувањето на пазарот, конкретно во компаниите во Кавадарци, Неготино, Прилеп и Битола, посочи тој, покажало дека има голем интерес, особено во Кавадраци и Прилеп.

- Гасификацијата оди паралелно. Со донесувањето на магистралниот гасовод, остава можност да се приклучат големите потрошувачи во индустријата, а паралелно со тоа да оди и гасификацијата на домаќинствата, вели Миладинов.

Како што објаснува Миладинов, проектот на гасификација на државата опфаќа четири делници. Првата е Клечевце-Штип, потоа Штип-Неготино, третата е Неготино-Прилеп-Битола и четвртата е Скопје-Тетово-Гостивар. Вредноста на овие делници изнесува 90 милиони евра. Опфаќа изградба на 204 километри со кредит од „Дојче банка“ и „Ерст банк“ и уште 61 километар со реализацијата на клириншкиот долг.

- Првата делница која почна да се гради, од кумановско Клечевце до Штип веќе е во завршна фаза, во фаза на испитување и на останатите елементи на гасоводот, што значи, може да кажам, дека Штип веќе има изграден гасовод. Ќе биде пуштена во употреба во јули или во август. Во наредните 30 дена се очекува да започне изградбата на следната делница Штип-Неготино и да биде изградена за една година и половина, додека пак во јули и август да започне изградбата на делницата од Неготино, преку Прилеп, до Битола, објаснува извршниот директор на Македонскиенергетски ресурси.

Според Миладинов, со гасоводот ќе стопанисува компанијата „Мер“, а за дистрибуцијата се очекува во текот на летото да се објави оглас за јавно-приватно партнерство на компании кои ќе вршат дистрибуција до крајните потрошувачи-домаќинствата.

- Првичните пресметки покажуваат дека приклучокот едно домаќинство ќе го чини околу 6 000 денари за 80 метри квадратним, вели Миладинов.

За прилепскиот градоначалник Марјан Ристески со гасификацијата за градот се отвораат големи можности.

- Ова е еден од најкапиталните проекти, заедно со експресниот магистрален пат Прилеп - Градско. Гасификацијата е децениско барање на компаниите, но и на граѓаните. Овој капитален проект ќе овозможи и изградба на секундарна мрежа во градот со што комплетно ќе бидат снабдени и индустриските зони, а и домаќинствата, вели Ристески.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...