Николовски побара веднаш да бидат обесштетени сточарите за болеста „јазлеста кожа“Скопје, 5 мај 2016 (МИА) - Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска повторно побара веднаш да бидат исплатени парите за уништените грла говеда поради болеста „јазлеста кожа“ и да бидат подмирени долговите на ветеринарните друштва.
Според Николовски, одговорните во Министерството и во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера потврдиле дека минатата година имале сознанија за појавата на болеста во регионот, но не презеле ништо.
- Тие потврдија дека уште минатата година не обезбедиле финаниски средства за моментна исплата на оштетените сточари, не ги советувале сточарите како да се справат или да ја спречат појавата на болеста, не издале упатство, не подготвиле флаери, соопшти Николовски, обвинувајќи дека е неодговорно и непрофесионално тоа што вакцинацијата ќе почне на 20 мај.
Дополнителниот заменик-министер смета дека сточарите нема да бидат обесштетени навреме.
|