Продолжувањето на кризата ќе го намали растот на економија

Скопје, 5 мај 2016 (МИА) - Продолжувањето на политичката криза до крајот на годината ќе го намали растот на македонската економија од предвидените 3,5 на 1,6 проценти. Ќе се намали и потрошувачката, како и инвестициите, ќе дојде до забавена кредитна активност, помал извоз и намалување на девизните резерви. 

Ова е предвидено во алтернативното сценарио на Народната банка на Република Македонија подготвено на средината на минатиот месец откако ескалираа состојбите на домашната политичка сцена, кое денеска го изнесе гувернерот на НБРМ Димитар Богов на прес-конференција.

Сценариото предвидува зголемена склоност за девизи, повлекување на депозити и помал депозитен раст, намалена приватна потрошувачка, пониски странски дирекни инвестиции, понеповолни движења на пазарот на труд, ризици за финансирање на економијата, од што последица би биле забавена кредитна активност, помала извозна активност, но и помали ефекти кај увозот, помал економски раст и намалување на ценовното ниво и намалување на девизните резерви.

Богов посочи дека најголемо надолно отстапување во однос на основното сценарио би имало кај личнта потрошувачка и инвестициите, додека извозот би бил сличен, а увозот малку понизок.

Тој појасни дека НБРМ до почетокот на април подготвила основно макроекономско сценарио според кое растот е предвиден на 3,5 проценти за годинава и 4 проценти за наредната година поткрепено од инвестициите и извозот и дополнително поткрепен од домашната потрошувачка, но поради случувањата во април НБРМ пристапила кон подготвување алтернативно сценарио, кое според гувернерот во овој момент е пореално. 

- Кон крајот на март почнавме со оваа рунда проекции и го изработивме основното макроекономско сценарио и кон средината на април бевме при крај кога дојде до ескалација на политичките случувања и во такви услови одлучивме дека има потреба и дека не може да замижиме од она што се случува и да одиме со сценарио кое беше направено во претходните услови и кое претпоставуваше дека политичката ситуација ќе биде на тоа ниво на наизвесност до средината на годината, рече Богов и додаде дека сега може да се покаже дека алтернативното сценарио е реално.

Според него, доколку дојде до смирување на состојбата пред крајот на годината остварувањата би биле некаде помеѓу основното и алтернативното сценарио.

- Ризиците се присутни околу двете сценарија. Надворешниот амбиент, кој е ист и кај двете сценарија, е неизвесен и неповолен. Домашните политички ризици се особено изразени и тоа повеќе во алтернативното сценарио кое укажува на последиците од политичката нестабилност врз економијата, истакна Богов кој додаде дека како одговор на влошените очекувања поради политичката состојба НБРМ изврши зголемување на основната каматна стапка од 3,25 проценти на 4 проценти, поради зголемената побарувачка на девизи и притисоците врз депозитната база на банките.

Тој информира дека сега има пренесување на парите од банките и штедилниците под  перница и оти во април се случил екстремен случај кој го немало претходно за нето откуп на девизи од физички лица. 

Од вторникот, како што посочи, состојбата на менувачкиот пазар се смирува од она што беше претходно. Очекуваат и натаму да се стабилизира, но дека ќе преземаат мерки се додека не се доведат во нормални услови.

- Економските фундаменти не индицираат на притисоци на девизиниот пазар. Она што го видовме деновиве започна на менувачкиот пазар. Креирана паника кај граѓаните која што ја зголемува  побарувачката за девизи на менувачкиот пазар и со тоа креираат притисок и на девизиниот пазар. Таа психоза се шири и кај претпријатијата кои добиваат девизни приливи и не ги продаваат веднаш што создава дополнителен притисок на девизниот пазар. Од тој аспект се зависи колку брзо ќе се намали притисокот на менувачкиот пазар. Веќе имаме одредени резулатити и очекувам состојбите да се стабилизираат уште повеќе во наредните денови, појасни гувернерот и додаде дека доколку има потреба Народната банка е подготвена и натаму да реагира.

Богов истакна дека зголемувањето на каматните стапки на благајничките записи сигурно ќе има ефекти врз каматните стапки во банките и дали ќе ги зголемат каматите на кредитите тоа ќе зависи од банка до банка и нивната политика.

Порача дека монетарните мерки се такви кои треба да се земат навреме. - Доколку тие делуваат со одредено задоцнување и ако терапијата не се препише и земе навреме тогаш може да дојде до влошување на состојбата и тогаш треба да се реагира со уште посилни инструменти, посочи Богов.

Советот на НБРМ денеска донесе и нови дополнителни монетарни мерки - ја зголеми стапката на задолжителната резерва за обврски на банките во домашна валута со валутна клаузула. Измените, како што појасни, се исклучиво заради натамошно задржување на ниската склоност на економските субјекти за пласирање на овој вид депозити во домашните деловни банки.

Покрај ова, НБРМ, заради одржување и зголемување на депозитите во домашниот банкарски систем, Советот ги преиспита и ги подобри условите за пласирање девизни депозити на домашните банки во НБРМ. Од следната недела  банките ќе можат да пласираат девизни депозити во централната банка по повисоки каматни стапки од тековните негативни каматни стапки, кои преовладуваат на меѓународните финансиски пазари. Се очекува оваа мерка да придонесе за намалување на трошоците на домашните банки, што следствено би придонесло за повисоки каматни стапки за депозитите на нивните клиенти, домашните правни и физички лица



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...