Се реконструира патот Ростуше - Битуше

Скопје, 23 мај 2016 (МИА) - Директорката на Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Билјана Вуковиќ заедно со градоначалникот на општина Маврово-Ростуше, Мукрем Мехмеди денеска извршија увид во градежните активности за реконструкција на патниот правец Ростуше–Битуше.

Овој патен правец не е обновен над 35 години, а реконструкцијата се очекува да заврши за околу месец ипол.

- Вредноста на проектот е околу 7,5 милиони денари при што се предвидува комплетна реконструкција и проширување на двата мостови коишто се наоѓаат на патот до селото, изјави градоначалникот Мехмеди.

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој посочи дека годинава со два милијарди денари ќе помогнат во реализацијата на 180 инфраструктурни проекти низ руралните општини во државата.

- Животот на руралните средини е многу повеќе од работа на земјоделието и вложување исклучиво во земјоделството. Руралните средини имаат потреба и од сите оние работи коишто ги содржат веќе урбаните средини како што се патишта, водоводи и канализации и токму тоа го правиме преку Програмата за финасиска поддршка на руралениот развој, рече Вуковиќ.

Работите на патот Ростуше-Битуше се резултат на добрата соработка меѓу општината и Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Овие инстутиции и досега реализирале повеќе други проекти во овој регион од Македонија.

Во Битуше има околу деведесет жители, но нивниот број се зголемува особено со враќањето на иселениците во текот на летните месеци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...