Во велешките градинки почна проектот „Енерџент“ на ЕУ за изградба на термоизолациони фасади

Велес, 25 мај 2016 (МИА) - Општина Велес со финансиска поддршка од 66 илјади евра  добиени од ЕУ, денеска во  КДУ „Димче Мирчев“ во Велес започна со реализација на пректот „Енерџент“ за изградба на термоизолациони фасади во пет од шестте детски градинки во градот. 
 
Како што појасни за медиумите градоначалникот Славчо Чадиев,  петте градинки во Велес,не само што ќе добијат нов изглед, туку што е посебно важно ќе станат енергетски ефикасни објекти. Во рамки на проектот кој треба да биде завршен за три месеци ќе биде поставена термоизолациона фасада на вкупна површина од 2.826 метри.
 
- Со овој проект Општина Велес уште повеќе го зајакнува профилот на енергетски ефикасна општина,ориентирана кон одржлива енергија во согласност со највисоките европски стандарди, потенцира Чадиев.
 
Според Анида Цецева директор на КДУ „Димче Мирчев“ овој проект ќе значи голем бенифит за нивната установа, заштеда на средства кои ќе бидат пренаменети за подобри услови за престој на децата во велешките градинки.

Инаку, проектот „Енерџент“ е одобрен во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција, кој за мекдонска страна има одобрено вкупно 227  192 евра. Освен во Велес, проектот се реализира и во Прилеп, а во Грција во неколку градови: Лерин,Ираклиа и Визалтија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...