Законски измени за воведување неделна откупна цена на доматите

Струмица, 26 мај 2016 (МИА) - Воведување т.н. неделни откупни цени преку законска измена за да се спречат манипулациите на трговците, предложил министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков на вчерашната средба со струмичките градинари.

Како што соопшти МЗШВ, Цветков информирал и дека ќе биде разгледан предлогот за субвенционирање на предаден домат во период кога има ниска откупна цена. 

Воедно предочил дека Македонија како членка на ЦЕФТА и на други меѓународни организации не може да воведе забрана за увоз на домати од Албанија, Турција и Грција без да има последици и санкции врз вкупната трговска размена со овие земји.

- Производителите добија уверување дека властите ќе направат подетални анализи за состојбата. Ресорниот министер и на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трифуновски ги уверија земјоделците дека ќе испратат информација до Владата за барањето за ослободување од плаќање даноци, односно оданочување само на добивката, но не и на обртните средства, стои во соопштението од Министерството за земјоделство.

Според МЗШВ, земјоделците најмногу се пожалиле на манипулациите на трговците кои дневно ја намалуваат цената на доматите и другите градинарски производи поради што Цветков сугерирал измена на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, и воведување неделни откупни цени со што ќе се стесни просторот за секојдневно нарушување на пазарот.

На средбата со земјоделците од село Куклиш кои во вторникот го блокираа градот поради состојбата со откупот на раноградинарските производи, Трифуновски нагласил дека покрај засилените и ненајавени контроли и на граничните премини и на внатрешниот пазар, Инспекторатот во секој момент им стои на располагање за контрола на секоја неправилност и преку бесплатниот телефонска линија 0800 11 000.

Идната недела во Министерството за земјоделство ќе се одржи заеднички состанок со поголемите производители на земјоделски производи, откупувачи и преработувачи на зеленчук на кој ќе се разговара за сите прашања, а пред се за навремено потпишување договори за откуп со дефинирани цени по класи и производи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...