Шпаркасе банка доби согласност да стекне акции во Македонска берза и Централен депозитар

Скопје, 26 мај 2016 (МИА) - Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на Република Македонија денеска на „Шпаркасе банка" ад Скопје и даде согласност за стекнување квалификувано учество во „Македонска берза" ад Скопје и во „Централниот депозитар за хартии од вредност" ад Скопје, чиј вкупен кумулативен износ не надминува 20 проценти од вкупно издадените акции со право на глас од двете акционерски друштва.

Како што соопшти по седницата КХВ, согласно одлуката за купување, „Шпаркасе банка" ад Скопје има намера да стекне 278 обични акции од „Македонска берза" ад Скопје што претставува 9,95 проценти од акционерскиот капитал на берзата и 842 обични акции од „Централниот депозитар за хартии од вредност" ад Скопје, односно 14,03 проценти од акционерскиот капитал на депозитарот.

КХВ укажува дека доколку „Шпаркасе банка" ад Скопје ја реализира намерата и ги купи акциите, заедно со оние што претходно ги  поседува, вкупно би имала 15,97 проценти од акциите на „Македонска берза" ад Скопје и 19,98 проценти од акциите на „Централниот депозитар за хартии од вредност" ад Скопје.

На седницата на Комисијата за хартии од вредност е издадена една дозвола за инвестициски советник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...