Женшун : Кинеска компанија заинтересирана за тендерот за за изградба на пругата Бељаковце-Крива Паланка

Крива Паланка, 26 мај 2016 (МИА) - Амбасадорот на Република Кина во Македонија Вен Женшун денеска за време на посетата на општина Крива Паланка изјави дека кинеска компанија била заинтересирана за тендерот за изградба на пругата Бељаковце-Крива Паланка кој вчера го објави Европската банка за обнова и развој.
 
- Нашата амбасада е отворена за соработка на компании од која било област и поврзување на фирми од Крива Паланка и Кина за остварување партнерства кои ќе придонесат за развој на општината. Од денешната посета заминувам со прекрасни впечатоци кои ќе ги пренесам на моите соработници и ќе поттикнам што повеќе туристи од Кина во иднина да се запознаат со убавините на вашиот град, нагласи Женшун.
 
Тој од домаќинот, градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски беше запознаен со работата на локалната самоуправа. Кинескиот амбасадор ја посети конфекцијата основана со кинеско-турска инвестиција, присуствуваше на пинг-понг турнир, а ги посети и градскиот музеј и манастирот Св.Јоаким Осоговски. 
 
Алексовски изјави дека за оваа прва посета на кинески амбасадор на градот гостинот го запознале со економското работење на општината, бизнис-климата, градскиот музеј и манастирот Св.Јоаким Осоговски, изјави градоначалникот Алексовски. Двајцата разговарале и за понатамошна идна соработка на економски и културен план.
 
- Имавме размена на идеи и корисни мислења за надополнување и надградба на нашата соработка, ја посетивме „Веибо груп“ - Кинеско-Турска инвестиција од областа на конфекцијата која вработува 650 луѓе од градот, потоа, на наше огромно задоволство го посетивме пинг-понг клубот од градот кој дава голем процент репрезентативци на Македонија, а нам ни беше особено драго дека националниот кинески спорт се практикува и кај вас, и тоа успешно, рече Женшун.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...